ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје.Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот, кога истекува законскиот рок за собирање потписи.
СОБРАНИЕ: Пратениците се враќаат на работа во Собранието на Репубика Северна Македонија, на речиси месец и половина пред локалните избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на септември. Најавите се дека ќе има продолжение на неколку седници, а ново пленарно заседание кон средината на септември..
ОБРАЗОВАНИЕ: Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница. Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комиисјата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












