Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе учествува на конференцијата „Дигитализација на услугите во областа на образованието“, организирана од Центарот за промени, со почеток во 10:00 часот.
Во 12:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, по што следи продолжение на 32. седница на Собранието во 13:00 часот.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски ќе одржи брифинг за новинари, со цел запознавање и презентација на ДУП-от за Железара во 12:00 часот.
Во 14:00 часот ќе се одржи конференција на Група граѓани „Жителите на Ново Маало“ по повод презентираниот проект кај „Холидеј Ин“
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија повика на мирен протест за работничките права, кој е најавен за денеска во 16 часот од булеварот „Гоце Делчев“, спроти МРТ, а ќе продолжи кон Собрание за да заврши пред Влада. Протестот ќе се одржи со автомобили за да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












