• Latest
Photo by Markus Winkler on Unsplash

За почеток на денот: МЗ апелира до граѓаните да се вакцинираат, екипите за гаснење пожари на терен, се работи забрзано на поттикнување економски развој преку финансиска поддршка од Владата

August 9, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За почеток на денот: МЗ апелира до граѓаните да се вакцинираат, екипите за гаснење пожари на терен, се работи забрзано на поттикнување економски развој преку финансиска поддршка од Владата

August 9, 2021 09:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Markus Winkler on Unsplash

Photo by Markus Winkler on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава и понатаму се активни дел од пожарите, домашните и странските екипи за гаснење пожари се постојано на терен, бројките со новозаболени од КОВИД -19 секојдневно растат, новите рестриктивни мерки ќе стапат на сила кон средината на месецот, владата работи на финансиска поддршка на инвестициите за поттикнување економски раст и развој.

ЕКОНОМИЈА Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ВО 11,30 часот ќе одржи прес конференција  во врска со измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Целта на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и на вработувањата.

КОВИД-19 Во очекување на стапувањето во сила на новите рестриктивни мерки кон средината на месецов, бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 6.383 тестирања, регистрирани се 398 нови случаи со Ковид-19, 18 оздравени пациенти и четворица починати.

Одлуката за воведувањето на новите рестриктивни мерки ја донесе Владата на завчерашната седница со цел да се спречи ширењето на новиот делта сој на коронавирусот и забрзано да не се полнат болниците низ земјава.

Во есенските месеци се очекува ризик факторите да се зголемат, поради тоа што поголема бројка ќе биде назад на работните места и ќе се организираат повеќе настани на затворено. Потсети дека има сосем доволно количини на вакцини и апелираше до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот механизам за постигнување колективен имунитет, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Договорено е  сите пациенти кои имаат потреба да се лекуваат болнички од болницата во Тетово да се праќаат во Скопје, затоа штo ќе се отвори вториот кат на Инфективната клиника.

Тој апелираше до раководителите на сите институции и државни и приватни да ги мотивираат своите вработени, посебно тие институции кои работат со голем број луѓе тие вработени да се вакцинираат.

Во врска со опфатот со вакцинацијата на наставниците, Филипче истакна дека засега е околу 60 проценти.

ПОЖАРИ Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 19 часот на територијата на државата се активни десетина пожари и тоа кај делчевското село Разловци, над пехчевското село Будинарци, кај штипско Драгоево, кај светиниколско Богословец и кај Богословски рид , над скопските села Раовиќ и Буковиќ, близу во Катланово кај Дивље и Крушје, на планината Китка, кај крушевското село Светомитрани, на две локации во прилепско – кај селата Дрен и Смолане и кај Топлица и кај кумановско Романовце. Дел од пожарите се локализирани или се под контрола.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, евроaмбасадорот Дејвид Гир, австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вршителите на должности на амбасадите на Словенија и на Бугарија, како и офицерот за врски на ЕУ од Брисел, Ради Хифнави ќе присуствуваат на настанот во кампот на австрискиот тим за гасење пожари во Пехчево.

Дел од најавите се од сервисот на МИА.

 

Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ