Справувањето со пожарите и со зголемениот број на заболени со КОВИД – 19 и денеска се главни прашања во земјава. Продолжува караванот со настани по повод 20 години Охридски договор, од Министерството за надворешни работи ќе и се обратат на јавноста со прес конференција.
ПОЖАРИ Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите, кои се уште се активни на повеќе места во државата. Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион, но и во селото Побожје, каде вчера беа запалени три куќи. На терен заедно со нашите, интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија, а за денеска најавена е и помошта од Црна Гора и Франција.
КОВИД -19 Поради зголемената потреба за хоспитализација на лица заболени од Ковид-19, од денеска со работа почнува модуларната болница во Куманово. Засега 16 пациенти се лекуваат на инфективното одделение во општата болница.
ПОПИС Утре завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите.
Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.
Од Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk
ПАНЕЛ Денеска во Универзитетот на Југоисточна Европа ќе се одржи панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.
ПРЕС МНР Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во часот ќе одржи прес конференција.












