Со почеток во 13:30 часот ќе се одржи прес-конференција на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Во 11:00 часот претседателот на АСОМ, Васко Илијевски ќе даде изјава за медиуми во врска со измените на Законот за игрите на среќа, кои се поставени на ЕНЕП.
Во 11:00 часот Лилјана Поповска од Зелен институт, Татјана Чакулев од О2 Иницијатива и Константин Ристоманов од Еко долина на брифинг со новинари во врска со заложбите и ставовите на Алијансата „Разбистри сè“ за измените на Законот за минерални суровини.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












