Во Собранието денеска седници треба да одржат комисиите за европски прашања во 11:00 часот, комисијата за здравсто во 12:00 часот и Законодавно-правната комисија во 14:00 часот.
Во 12:00 часот Собранието ја продолжува 32.седница на чиј дневен ред се останати повеќе предлог законски решенија, но и годишни извештаи за работа и финаиски планови за работата на државни институции и независни регулаторни тела.
Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12:00 часот ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На 65-тата седница, според предложениот дневен ред, министрите, на предлог на Министерството за образование и наука ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












