Во 12:00 часот собранието ќе ги одржи 29, 30, 34 и 36 седница и седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Во 14:00 часот законодавно-правната комисија ќе ги одржи 58 и 60 седница.
Во 11:00 часот министерот за финансии, Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски ќе потпишат Договор за грант за партнерство за развој.
Во 12:00 часот скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе одржи брифинг посветен на набавката на новото возило, скала и дополнителна опрема за потребите на Противпожарната бригада на Скопје.
Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Во 13:00 часот советот на Општина Центар ќе ја одржи 64. седница.
Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конефренција на Гранскиот независен синдикат на полицијата.
Во 13:30 часот ќе се одржи прес-конференција на групата „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“ по најавената средба со претставници на Министерството за образование и наука.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












