Премиерот Зоран Заев, вицепремиерите за економски прашања, Фатмир Битиќи, и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министрите за економија Крешник Бектеши, и за локална самоуправа Горан Милевски, денеска во Велес со почеток во 11:00 часот ќе присуствуваат на промоција на инвестиции на компанијата „Брако“, како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини.
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска во Брисел ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе ја посети општина Ресен во 11:00 часот каде ќе изврши увид во изградбата на инфраструктурни проекти во општината.
Денеска во Скопје ќе се одржи дебата „Со кои предизвици се среќаваат жените на позиции на донесувачи на одлуки во општините?“, во рамки на кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки, која е дел од проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија во 12:30 часот.
Претставување на мобилната апликација HealthBuddy и панел дискусија на тема „Дезинформации и КОВИД-19“ во организација на УНИЦЕФ во Скопје во 10:00 часот.
Во Скопје со почеток во 11:00 часот ќе се одржи акција посветена на дефицитот на матични лекари во Поликлиника Шуто Оризари во организација на Здружението ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, Национален Ромски Центар и Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т.
ЦИВИЛ најави ново издание на вебинарот за граѓанско новинарство и медиумска писменост, кој ќе се одржи на 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 17:00 часот. Основи на новинарското известување, етика, лажни вести, хибридни закани и мониторинг на изборите и политичките процеси се дел од темите на вебинарот. На програмата се презентации од Џабир Дерала, Сашо Орданоски, Петрит Сарачини и Зоран Иванов, како и членови на продукцискиот и проектниот тим на ЦИВИЛ. Заинтересираните треба да пополнат АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО.
По одржаните панел дискусии во Штип, Гостивар и Гевгелија, ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ во Скопје, на 30 март. Организацијата најави повеќе детали во текот на денешниот ден.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












