поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Бидејќи судот во Њуjорк ги осуди директорите зошто давале мито, Владата на Македонија има морално право, во име на натамошната искрена соработка, од ТЕЛЕКОМ да бара да го открие идентитетот на функционерите на кои митото им е исплатено.
Граѓаните на Македонија долго време очекуваат виновниците за овој грабеж да бидат казнети и парите да ги вратат.
*
Конечно и на Бујар Османи му текна дека во јавноста звучи смешно да се слави тоа што се потпишува договорот за само 2 километра автопат. Инаку, познато е дека за јавноста сите комедии се смешни.
*
Дали Комесарот Оливер Вархеји знае дека за „главниот политички преговарач” и „шеф на делегацијата за преговори со ЕУ” на Македонија, обвинителството води постапка за корупција?
*
Исклучена е било која можност за било каков компромис со ДУИ и со ВМРО за закон за јавното обвинителство, доколку со него од натамошно гонење за криминал и корупција не бидат ослободени сите нивни членови. Оваа битка ВМРО ја бие, според премолчен договор, и за ДУИ, која и во Собранието и со своите судии повеќе пати ѝ се оддолжува.
*
Додека во ЕУ заминуваат претседатели, комисии, комесари, се менуваат методологии, во Македонија „главниот политички преговарач“ и „шеф на делегацијата за преговори со ЕУ“ останува ист.
*
Од Шефот на делегацијата за преговори со ЕУ, кој скоро три години нѐ убедуваше дека ќе добиеме „кристално чиста препорака”, сега тврди дека „новата методологија ќе биде подобра од досегашната”, што дури и земјите кои веќе преговараат, ќе бараат да преговараат според неа. Според тоа, за нас испадна подобро отколку да ја добивме поканата досега.
Добрите вести за нас не завршуваат тука. Додава уште дека законот за ЈО е повеќе прашање на симболика отколку реален услов, дека суштината на законот е решена.
*
Останува нејасно дали и како ќе се реши судбината на предметите што СЈО ги отвори досега и тие што ќе треба да се отворат во иднина, за невидениот криминал и корупција, откриен со прислушуваните разговори, за што Македонија влезе во многу тешка кризна ситуација.
*
ВМРО има кадри кои знаат дека тековниот прилив и одлив на парите во буџетот краткорочно не се совпаѓаат и се јавува потреба од позајмување од деловните банки и дека апсурдно е министер или негов заменик да патуваат од Скопје до Берово за да контролираат дали службениците работат или не. Не е јасно само зошто ангажирале лица кои тоа не го знаат.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.