• Latest

Заев: Балканот веќе не е темпирана бомба, „Отворен Балкан“ – можност сами да го подобриме животот на граѓаните

August 1, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Балканот веќе не е темпирана бомба, „Отворен Балкан“ – можност сами да го подобриме животот на граѓаните

August 1, 2021 20:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев,  во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг.

Заев во интервјуто посочи дека кога го зборува тоа, говори со истите размислувања со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама, и додаде дека во наредниот период, и покрај негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, кои се безначајни, бидејќи ставовите на граѓаните според анализите што ги видел се позитивни, верува дека на оваа иницијатива ќе се приклучат и другите земји.

-Што е тука лошо ако дејствуваме заедно во случај на пожар, поплава или земјотрес. Ние тројно ги зголемуваме нашите капацитети, што значи повеќе спасени животи, како и заштитени имоти, кажа Заев, порачувајќи дека фокусот во наредниот период ќе биде границите меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија да работат на принципот „Без задржувања, само тргни“.

Како што беше порачано на самитот, ако се надминат слабостите на администрацијата, на 1 јануари 2023 година, нема да има граница меѓу нашите земји.

Заев нагласи дека тоа ќе биде отворен простор и дека ДДВ ќе се поврзе на софтверски начин, така што, доколку камион тргне од Нови Сад за Гевгелија, сите податоци за ДДВ ќе минуваат низ еден систем.

-Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.

Тој укажа дека се отворени можности за финансирање проекти кои директно ќе им помогнат на граѓаните, без чекање тоа да се направи преку поглавјата и членството во ЕУ.

-Кога ќе ја напуштам мојата Струмица, и додека не стигнам во Белград, Горњи Милановац или Нови Сад, патарините ќе ми бидат пониски за пет отсто, можеби дури и за 10 отсто и тоа ќе важи за сите Македонци, Срби и Албанци. Хотелите исто така ќе понудат 10 отсто попуст за сместување и за рестораните за граѓаните од „Отворен Балкан“, изјави Заев.

Тој нагласи дека мора да се работи на меѓудржавните врски, како и на врските на нашите економии, комори, уметниците од сите области.

-Мислам дека ќе постигнеме голем успех за сите граѓани. Европа работи со нас и ни помага, но додека ја чекаме Европа, можеме да се европеизираме – Србија да ги отвори првите кластери преку кои ќе затвори многу од нејзините поглавја, како и додека Црна Гора е на тој пат, потоа Албанија и ние додека чекаме да го добиеме кандидатскиот статус. Тоа е нешто што ние го чекаме 16,5 години, кажа Заев.

Како што изјави, со истите размислувања зборува со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

-Бидејќи имаме искрени намери, можеме само да се надополнуваме. Покрај тоа, како обединет регион, многу повеќе ќе не почитуваат во Западна, Северна и Централна Европа, бидејќи заедно можеме да понудиме поголем обем на производство, да привлечеме повисоки стапки на туризам и да понудиме квалификувана работна сила, наведе Заев.

Како што кажа, фабриките што имаат интерес да инвестираат во Врање, можат да бидат успешни доколку привлечат работна сила од Куманово.

-Како што постојат фабрики како во Струга Магна од Канада, кои треба да привлечат кадри и работници од Албанија, оцени Заев.

Тој нагласи дека е неопходно да се подобрат реформските процеси, владеењето на правото, целокупната слобода, здравството, образованието и регионалната соработка.

Целта, кажа тој, е младите да останат во својата земја и ги наведе придобивките што се постигнати досега.

-Секој граѓанин на Србија, Албанија и Северна Македонија, кој заболел од корона, може бесплатно да се лекува во сите три земји.

Заев наведе дека се потпишани договори со кои се унапредија системите на институции, а на самитот во четвртокот, беше потпишан договор за заедничко дејствување и обединување на сите капацитети на системот за безбедност и заштита од катастрофи.

-Потпишавме и договор и меморандуми за признавање на работните дозволи и дозволи и меморандуми за забрзување на меѓусебните економски транзитни правци, со крајна цел да не чекаме на границите, камионите и граѓаните да поминуваат што е можно побрзо, кажа Заев.

Сите три земји, кажа премиерот, работат заедно и на создавање фонд што ќе ги мотивира актерите, режисерите и сценаристите да снимаат филмови, како тим, заедно.

Ќе им се помогне и на хотелите, додаде Заев, и тие за возврат ќе примат околу 1.000 деца од сите три земји, на седум до десет дена на Копаоник, Златибор, Нови Сад, Охрид, Дојран, Драч, Саранда.

-Сето ова води до позитивни резултати. Сега сме заедно, ние кои треба да им служиме на граѓаните и економијата, изјави премиерот на Северна Македонија./ МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ