„Баравме средба со Макрон, три четири месеци, но не успеавме да добиеме. Се обидувме и преку нашата амбасада во Франција, преку францускиот амбасадор Тимоние, преку други дипломатски можности што ги имавме, но не успеавме. Се надевам дека ќе имаме можност да се сретнеме и да разговараме. Добредојден е да дојде и лично да се увери дека направивме сè и дека припаѓаме на ЕУ“, одговори Заев на новинарско прашање дали успеал да се сретне со Макрон.