• Latest

Заев – Блер: „Отворен Балкан” е спротивна на националистичките агенди, во новата локална власт – лепачи на плакати или луѓе со интегритет, партиските кујни продолжуваат со лажните вести

August 24, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Заев – Блер: „Отворен Балкан” е спротивна на националистичките агенди, во новата локална власт – лепачи на плакати или луѓе со интегритет, партиските кујни продолжуваат со лажните вести

August 24, 2021 16:35
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Заев – Блер: „Отворен Балкан“ ќе биде акцелератор на процесот за членство на Северна Македонија, Србија и Албанија во ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, кој на средбата ја оцени иницијативата „Отворен Балкан“ како исклучително значаен проект за поврзување на регионот во заеднички пазар како и на многу други нивоа  што ќе им донесе многу придобивки на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија и ќе биде акцелератор на процесот за членство на овие земји во ЕУ.

Иницијативата „Отворен Балкан” е спротивна на националистичките агенди и со ова трите земји предводнички јасно и покажуваат на Европската Унија дека се сериозно посветени на иднината и на европскиот пат, додаде тој.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Кандидати за функциите во единиците на локалната самоуправа треба да бидат луѓе со интегритет, кои општествениот интерес ќе го стават над личниот. Од оваа позиција треба да се раководат и партиите кога предлагаат кандидати за градоначалнички места и за советници. Општествената функција подразбира максимален ангажман за добробит на заедницата за време на целиот мандат, а по истекот на мандатот, со чист образ, враќање на поранешното работно место“ – вели поранешниот заменик министер за локална самоуправа, Дејан Павлески за ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕЗИНФОРМАЦИИ „Лажна вест се објавите на Република, Инфомакс и Експрес дека наводно вчерва пристигнале првите граѓани локално население од Авганистан во Северна Македонија. Сѐ уште нема пристигни лица, ситуацијата на аеродромот во Кабул е неизвесна. Дезинформациите служат за манипулација на граѓаните“, стои во демантот на Владата објавен на Твитер.

ЗАКОН Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените.

ДЕТСКА ЗАШТИТА Министерката за труд и социјална политика на состанок со Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување кое е составено од претставници на релевaнтни институции, граѓански и меѓународни организации, истакна дека заштита на децата од насилство е приоритет и значајна заложба на нашето општество.

КАМПАЊА Под мотото „Да го зачуваме Малешево за идните генерации!“, Министерството за животна средина, заедно со со Македонското еколошко друштво, „Национални Шуми“ и со општините Берово и Пехчево, започнаа кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел.

ПОПИС Државниот завод за статистика стои на тоа дека може да го спроведе пописот и дека сите граѓани ќе бидат безбедни, бидејќи ќе се применуваат сите мерки предложени од Комисијата за борба против заразни болести, нагласи Симовски.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Кристина Арнаудова, музичарка и хуманитарка, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека внатрешно сите сме апсолутно исти.

Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, без разлика дали имаш бела или црна кожа, сепак срцето е исто.

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро.

                                                      ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

АНАЛИЗИ

„Локалната власт и децентрализацијата се најпартиципативниот облик на демократија во која граѓаните непосредно ги креираат политиките за исполнување на нивните интереси. Локалните избори за градоначалници и советите на општините во Република Северна Македонија се распишани и ќе се одржат на 17 октомври, објавено е во Службениот весник на Република Северна Македонија.

Во новата локална власт треба да влезат луѓе кои се спремни дел од своето слободно време да го посветат за општо добро на граѓаните и за добробит на својата општина“, пишува Александар Николиќ Писарев во анализата „Како ќе се регрутира нова локална власт: Лепачи на плакати или луѓе со интегритет?“.

„Бајден е еден од ретките политичари чии војници биле ангажирани во странство, а кој повлекувањето го направи консеквентно и со јасна политичка одлука. Немаше криење зад флоскули од типот „Америка прво“. Прашањето е дали сега тој може да стане новиот Де Гол и да отвори нови перспективи за светот. Имено, по повлекувањето од Алжир, францускиот генерал ја отвори идејата за Европската унија. На светот му требаат лидери кои ќе отвораат општ напредок на сметка на застарените методи“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Лидерите на големите сили и војните во странство“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ