На денешната заедничка прес конференција во Клубот на пратеници, Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, го потпишаа договорот со кој Алтернатива ќе биде дел од парламентарното мнозинство и од Владата , Премиерот Заев информираше дека според договорот, Алтернатива ќе раководи со министерството за здравство, за информатичко општество и администрација и со министерството без ресор задолжено за дијаспора.
„Во иднина Алтернатива ќе има и тројца заменици министри: во образование, култура, додека за третиот ресор треба да се допрецизира, најверојатно ќе биде за земјоделство. Алтернатива ќе преземе одговорност во повеќе институции на центарлно и локално ниво како што се МЕПСО, Фонд за здравство, железници, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции…’,рече Заев.
-Вредноста на овој договор е справување со предизвиците. Најважно е функционирањето на институциите и јасно утврдена одговорност пред граѓаните. Тоа е важно во време на предизвици дома и на глобален план. Постигнатниот договор е дека имаме мнозинство кое ќе работи на решение за предизвиците, како што е обезбедување на контиунутеот, како што е почеток на преговорите со ЕУ. справување со ковид 19 пандемијата. Со коалициниот партнер едногласни сме дека на Северна Македонија и е потребна влада која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време кгоа е потребен евроатлатнски курс на дејствување,редвремени избори не се решение , туку стабилна Влада, додаде Заев.
-Со Алтернатива постигнавме договор партијата да биде дел од владата до 2024 година, а може и понатаму, односно додека не се случат редовните парламентарни избори.Нe ни се потребни вонредни парламентарни избори, нова политичка и економска неизвесност, доста беа кризи, рече Заев.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, изјави дека 64 пратеници ќе бидат дел од парламентарното мнозинство со цел да се излезе од здравствената и економската криза која ја чувствуваме.
-Алтернатива мина низ многу тежок период, беше исправена пред предизвиците дали да остане таму каде што е или да продолжи во нешто ново. Не беше лесно да ја донесеме ваква одлука, но поголемиот дел од аргументите беа кон тоа Алтернатива да се определи кон патот по кој од денеска тргнува. Во текот на преговорите се засновавме на два столба – првиот е програмскиот дел, а вториот е во однос на преземањето на одговорностите на Алтернатива во извршната власт, нагласи Гаши.