• Latest

Заев и Ангеловска: Буџетот е реален и израз на крупните политики и храбри одлуки

November 20, 2019
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Ангеловска: Буџетот е реален и израз на крупните политики и храбри одлуки

November 20, 2019 08:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев кој синоќа заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска гостуваше во емисија на Македонската телевизија рече дека буџетот за 2020 година е скроен на едно оптимално ниво и оти проекциите се резултат на добрите економски политики.

– Растот на економијата е основ за проектирањето на буџетот. Како расне БДП и сите економски перформанси, така се димензионира буџетот. Растот се движи многу реално, многу логично без разлика дали има изборна година или не, рече Заев, додавајќи дека во првото полугодие од годината растот бил 3,6 проценти, а очекувањата се дека третиот квартал ќе има подинамично темпо на економски раст и развој.

Министерката Ангеловска очекува да се остварат проекциите на приходната страна која, како што рече, е проектирана на 5,6 проценти и е помала во однос на претходните години.

– Кога зборуваме за тоа дали ќе се наполни буџетот, мора да споменеме дека намалените даночни ослободувања кои беа воведени во 2019 година, остануваат и тие ќе дадат позитивен придонес. Позитивен придонес ќе даде и зголемувањето на минималната плата. Од друга страна, растот на платите во економијата ќе даде позитивен придонес, рече Ангеловска.

Говорејќи за економските политики, Заев напомена дека е стабилизиран Фондот за ПИОМ, зголемени се платите во делот на образованието и здравството, а очекувањата се дека ќе има и над 80 проценти реализација на капиталните инвестиции.

– Сето тоа не е направено со заеми, туку со сопствени пари, подвлече Заев.

Во однос на тоа дали случаите со непотизам нанеле штета, Заев рече дека ваквите случаи нанеле штета и на поединци и на политиката, но оти разликата е во тоа што сега власта знае да се корегира и транспаретно да дискутира.

– Порано зарем немаше непотизам? Никој од никаде не се повлече. Порано луѓето шепотеа. Страв им беше да кажат. Денеска има слобода и демократија. Има големи разлики. Не велам дека сме сјајна власт, имаме свои предности и свои слабости, рече Заев, одговарајќи на прашањата од новинари кои учествуваа во емисијата на Македонската телевизија. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ