• Latest

Заев: Илинден 1903-та и 1944-та, длабоко врежани во меморијата на сите нас, наразделни поглавја во создавањето на нашата заедничка држава

August 2, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Илинден 1903-та и 1944-та, длабоко врежани во меморијата на сите нас, наразделни поглавја во создавањето на нашата заедничка држава

August 2, 2021 13:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод 2 Август – Ден на републиката и Илинден, се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.
Светол е овој празник, а неговата светлина е уште посилна оваа година кога ја славиме и 30 годишнината од независноста на нашата држава и 80 години од Народното востание. Во овој ден што го одбележуваме денеска, се дел од корените на нашата државност и на нашата иднина, истакна премиерот Заев во обраќањето.

Илинден 1903 и 1944 се дел од низата големи историски случувања коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на граѓаните, на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.
Тоа се генетски записи пренесени од сите наши претходници, во кои се збрани вредностите на кои се повикуваме и на кои ја градиме иднината. Тоа е континуитет на вредности какви што се вградени и што ги негуваат сите модерни европски држави. Светлината на Илинден блесна два пати во нашата историја, рече премиерот Заев на свеченоста во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.
„Десетте дена на Крушевската Република не се мерат според земните стандарди за мерење на времето. Ништожни се тие временски мерки и неприменливи за да се измери големината на Илинден 1903 и на Крушевската Република. Нема мерка која може да ја измери големата идеја за сопствена држава во која се вградени копнежот и жртвите на стотици и илјадници македонски дејци и остварувањето на тој копнеж. Во Илинден 1903-та се збрани визионерските принципи, идеали и идеи, врз основа на кои државотворноста се претвори во жива приказна во движење. Во генетскиот запис со кој и ден денеска се идентификуваат сите граѓани на нашата државата што ја создаваме како заеднички дом за сите“, подвлече Заев.
Тој додаде дека во тој запис е содржан и духот на Крушевскиот манифест. Од тој визионерски и инспиративен повик произлезе еден од столбовите на кои се издигна македонската држава: За право, за слобода, за човечки живот, без разлика на вера, етничка припадност, со сите наши разлики кои ги почитуваме и на кои сме горди, да продолжиме да си живееме како браќа и сестри како што сме живееле од дедо и прадедо.
 
„Втор пат Илинден блесна во 1944 година, во манастирот Св,Прохор Пчињски, со Првото заседание на АСНОМ. Се оствари визијата на бескомпромисниот борец за самостојноста на македонското национално дело Димо Хаџи Димов, кој на 20 годишнината од Илинденското востание рече: „Македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен Илинден“, потсети Заев, и истакна дека народот го дочекал вториот Илинден со учеството и победата во антифашистичката голема светска војна на територијата на Македонија, припадничките и припадниците на партизанските единици на Народно-ослободителната борба, ја заокружија и историската цел – државноста на нашата земја.
„Како земја сојузничка во антифашистичката војна, на големиот чин со историски димензии, на Првото државотворно заседание на АСНОМ, раѓањето на Демократска федерална Македонија непосредно го сведочеа и воените претставници на големите сојузнички сили – Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Тоа се истите денешни наши сојузници во НАТО. Ете толку далекусежно и историски значајно е Првото заседание на АСНОМ“, посочи премиерот во Пелинце.
Но, според Заев, она што е уште поважно се визионерските принципи, идеали и идеи, врз основа на кои државотворноста се претвора во жива приказна. Тој дух на континуитет на вредности, кои се карактеристика на сите модерни и најпрогресивни европски држави, е вграден и во агендата и во свечената атмосфера во која се одржуваше големиот, историски и државотворен настан – Првото заседание на АСНОМ.
„Во таа насока, никој не може да го порекне државотворниот концепт на сите точки во еден од четирите државотворни одлуки и документи од АСНОМ: Декларацијата за основните права на граѓаните на Македонија. Таа декларација од 1944 година е она што е Европа денес. Таа декларација е декларација за универзалните слободи и права“, потенцираше премиерот Заев.

 

 

Зборувајќи за самостојната македонска држава по 1991 која Заев ја симболизираше во говорот како „Трет Илинден“, тој порача дека „Третиот Илинден“ не познава крај.

„Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина. Затоа нашиот Илинден не е завршен и нема да заврши. Ние го живееме нашиот Илинден. На нашата и на идните генерации останува да го одржуваме и да го шириме пламенот на Илинден. Огнот што го распламтија плејадата македонски просветители, учебникари, револуционери, комити и партизани, граматичари и писатели, како и истакнати видни дејци припадници на другите народи во нашата земја, На оваа наша генерација Илинден не ни е даден за да го оставиме во историјата или во сеќавањата, туку да го живееме и да го носиме неговиот пламен во иднината каде што припаѓаме“, рече Заев.

Заев исто така порача дека Илинден не е врзан за ниту една идеологија, ги надминува границите на било кој временски период. Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, на Албанците, Ромите, Србите, Турците, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина. Во нашиот дом. Тој повика да се престане со биење в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови на изборите.

Премиерот нагласи дека нема да престане да повикувам на слога и единство заради граѓаните и заради татковината, за заедничкиот напредок.

„Секогаш да настојуваме да правиме чекор повеќе во изградбата на нашето едно, единствено, еднакво општество за сите, по углед на големата европска идеја – Обединети во различностите. Оваа година, кога одбележуваме уште една годишнина – 20 години од Охридскиот рамковен договор, наша обврска е постојано да се грижиме да го одржуваме и негуваме нашето едно и еднавкво општество за сите. Секој од нас, секој граѓанин е важен и незаменлив, дел од нашиот мозаик. Тоа заедништво, што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина“, подвлече Заев.

На крајот, тој повика да се соочиме храбро со сите предизвици и исправено и гордо да речеме: Продолжуваме да чекориме горди и да ја вградуваме и нашата приказна во таа на Европа. „Со таа мисла и со тој стремеж, нека е вечен споменот на двата Илиндена! Нека е честит и вековит Денот на републиката!“, честиташе Заев од манифестацијата во Пелинце.

Честување на Илинден во Пелинце, извор: Влада на Северна Македонија
На чествувањето, заедно со премиерот Заев во делегацијата беа и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерот за внатршени Оливер Спасовски, а на чествувањето присуствуваа и оддадоа почит и бројни делегации на државни и општински институции, политички партии, Сојузот на Борците и други здруженија и истакнати општествени личности. Настанот беше збогатен со пригодна културна програма.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ