Сегашното раководство на ВМРО – ДПМНЕ заговара опасни идеи за поништување на договорот од Преспа, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, алудирајќи на изјавите на Христијан Мицкоски за домашните и српските медиуми, во октомври и ноември, дека ако добијат 2/3 мнозинство, ќе се укажела можност за тоа да се случи.
„Укинувањето би не вратило најмалку 25 години назад и ќе го врати ФИРОМ, име со кое бевме именувани на меѓународен план. Тоа ќе значи изгубено НАТО и ЕУ. Без договорот од Преспа ќе исчезне поддршката од стратешките партнери и ќе добиеме влошување на економската состојба, нови блокади од Грција, внатрешна нестабилност и конфликти и нестабилност во регионот. Владата на СДСМ последните две години испреговара договор поздравен од македонската и меѓународната јавност како пример во светот со дијалог, вели Заев. Заев вели дека договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја, странски инвестиции, добри плати, соработка со соседите и заштитен македонски индентитет. Ако нема Преспа, нема иднина“, рече претседателот на СДСМ.
Петар Клинчарски