Претседателот на Социјал- демократскиот сојуз, Зоран Заев е негативен и на второто тестирање за Ковид -19. Тој е во домашна изолација од 10.04. 2020, по информацијата дека новинарот кај кого гостувал е заразен со вирусот.
-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.
Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.
Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.
Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.
Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.
Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.
Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател.- напиша Заев на својот Фејсбук профил.












