• Latest

Заев: По 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ

July 17, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: По 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ

Затоа се и ќе бидат уште долго во опозиција. Затоа, спомнете си – за Охридскиот договор, некои велеа ќе сме се поалбанчеле, за територијалната организација ќе сме се федерализирале, за Преспа ќе сме го изгубиле идентитетот. Тоа го велеа оние кои немаат визија за иднината. Ние секогаш велевме – ова е патот кон иднината. Еве сега времето е најдобар судија – нека се сетат граѓаните кој беше во право. Така и сега – тие што грешеа на секоја раскрсница, грешат и сега, потенцира Заев.

July 17, 2022 09:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На овој важен ден сакам да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија. После 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ. Особено сакам да му честитам на македонскиот народ – влегуваме во ЕУ како Македонци, со заштитен македонски идентитет и многу важно, со нашиот македонски јазик, објави вечерва на Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев.
-Благодарност испраќам до сите македонски пратеници, политичари и граѓани и во Северна Македонија и во Бугарија, кои се издигнаа над поделбите и го поддржаа ова решение за кое сум убеден дека овозможува обнова на пријателството и напредокот.
Благодарност до Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи, Ахмети и целата наша владина коалиција и особено до македонските пратеници кои гласаа за европската иднина. Благодарност и до ГЕРБ на Бојко Борисов како и до Мустафа Карадаи претседател на ДПС либералната партија од која доаѓа и Илхан Ќучук, кои заедно со пратениците на ПП партијата на Петков и ДБ партијата на Христо Иванов ја видоа оваа можност за заеднички исчекор, нагласи тој.
Изрази благодарност и до сите етнички заедници „во нашата татковина кои повторно застанаа рамо до рамо со братскиот македонски народ“.
-Сакам да ги охрабрам граѓаните да продолжиме по овој пат. Има уште многу работа, но конечно се придвижуваме и отвораме нови европски процеси. Ги разбирам оние граѓани кои се лути и загрижени од економските и безбедносните состојби – стабилноста, инфлацијата, растечките цени. Тие се фокусирани на обезбедување стабилност за себе и за своите семејства. Тие се разочарани од мачниот пат кон ЕУ и долгата серија неуспешни обиди да почнеме преговори, за што со право се лутат и на ЕУ, но и на политичарите од Република Бугарија поради неочекуваниот застој кој ни го приредија. Но треба да се знае дека не е работа на граѓаните да внимаваат на можни стапици во документите – тоа е работа на лидерите и политичарите, напиша Заев.
Тој додаде дека Владата и Парламентот се должни да знаат сѐ и да носат исправни одлуки и за државата и за народот.
-Јас сум убеден дека одлуката да се поддржи овој предлог ја обезбедува европската иднина и го гарантира македонскиот идентитет во ЕУ. Подобра иднина од иднината во која сме членка на ЕУ не постои. Тоа го знаеме сите. За вакви прашања не смее да се калкулира со рејтинг. Политичарите доаѓаат и заминуваат. Важно е државата и народот да одат напред кон извесна иднина. Покрај сé, Владата треба да биде државотворна и никако поинаку. Одлуките мора да се донесат затоа што само тоа е исправно, истакна Заев.
Во однос на опозицијата изрази жалење, што, како што рече, „сето ова само го користеа за да се догребат до власт, но за сметка на тоа не направија ни еден чекор да им помогнат на народот и државата“.
-Затоа се и ќе бидат уште долго во опозиција. Затоа, спомнете си – за Охридскиот договор, некои велеа ќе сме се поалбанчеле, за територијалната организација ќе сме се федерализирале, за Преспа ќе сме го изгубиле идентитетот. Тоа го велеа оние кои немаат визија за иднината. Ние секогаш велевме – ова е патот кон иднината. Еве сега времето е најдобар судија – нека се сетат граѓаните кој беше во право. Така и сега – тие што грешеа на секоја раскрсница, грешат и сега, напиша Заев на Фејсбук.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ