• Latest
Заев и Ахмети, август 2020 година, во пресрет на соопштувањето на кабинетот на новата влада

Заев по оставката на координација со лидерите од владејачката коалиција, ОДИХР, ЦИВИЛ и ДИК со извештаи за вториот круг од гласањето

November 1, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Заев по оставката на координација со лидерите од владејачката коалиција, ОДИХР, ЦИВИЛ и ДИК со извештаи за вториот круг од гласањето

November 1, 2021 17:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Заев и Ахмети, август 2020 година, во пресрет на соопштувањето на кабинетот на новата влада

Заев и Ахмети, август 2020 година, во пресрет на соопштувањето на кабинетот на новата влада

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заев на координативен состанок со лидерите на коалициските партнери

Координативен состанок се одржува попладнево во Владата меѓу премиерот во оставка, Зоран Заев и лидерите на партиите, кои се дел од владејачката коалиција.

На состанокот со Заев, според најавеното, присуствуваат претседателите или потпретседателите на партиите од актуелното собраниско мнозинство. Станува збор за првични разговори за нов премиер и состав на нова Влада, откако вчера Заев, по поразот на локалните избори, поднесе оставка од челната функција во Владата, но и од лидерската позиција во владејачката СДСМ.

На состанокот ќе се разговара и за можниот распоред за собраниска седница за оставката на премиерот и изборот на нова влада.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

На денешната прес конференција на ОДИХР во врска со оценките за вториот круг на Локалните избори, шефицата на набљудувчката мисија на ОДИХР за изборите, Тана де Зулуета,  на прашање на ЦИВИЛ за нивниот став за пријавите за црна кампања пред изборите и за време на изборниот ден, како и за мерките што треба да бидат преземени од страна на институциите, одговори:

 

ИЗБОРЕН РАПОРТ #34: Изборниот процес слободен, но далеку од совршен, црни пари во кампања и политичка криза

По изјавата на премиерот Зоран Заев, дека поднесува оставка на премиерската позиција, Северна Македонија и официјално влегува во политичка криза со несогледливи последици. Во овој изборен рапорт, детали и за првичните наоди и согледувањата на мониторингот на ЦИВИЛ по вчерашниот втор круг на локалните избори.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, не е информиран официјално за оставката на премиерот Заев, што повлекува и оставка на целата Влада. Оттаму посочуваат дека кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена, по извршени консултации, ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието, јавува МИА.
ОТВОРЕН БАЛКАН Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, пишува денеска белградска „Политика“.
ДКСК Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, на вработување кога едно лице директор во Јавно претпријатие се вработува самиот себе, во истото ЈП. Антикорупциска ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за утврдување одговорност. Пред новиот градоначалник и на новиот Совет на општината ќе достави иницијатива за одговорност на директорот и на в.д. директорот на Јавното претпријатие.

АНАЛИЗИ

Избори локални – кризи глобални или на Запад ништо ново

Собраниската енергија е целосно исцрпена, вегетирањето е неодржливо на долг рок, а јаловите планови за нови мнозинства, за пратенички прегрупирања без избори, се само уште една патека која води до уште подлабока и продолжена криза. Сè на сè, нè чека долга, студена и мрачна зима. Република Северна Македонија е соочена со нова неизбежна политичка, институционална и во овие околности и економска и социјална криза од непредвидливи размери, пишува Зоран Иванов.

Што покажуваат резултатите на локалните избори во Скопје?

Во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Скопје на 31.10.2021 имаше 209.447 важечки гласови, неколку илјади помалку отколку во првиот круг на 17.10.2021 кога се гласаше вкупно за 12 кандидати.

Табела 1: Изборни резултати на Шилегов и Арсовска

Што покажува споредбата на резултатите од локалните избори за градоначалник на град Скопје 2021 од првиот и вториот круг на гласање, по општини?

Како прво, дека независната кандидатка Данела Арсовска значително ја зголемила својата предност во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалник во првиот круг на изборите: во Гази Баба (води со разлика од речиси 11 илјади гласа, наспроти 6.4 илјади во прв круг), во Аеродром (води со разлика од точно 10 илјади гласови, наспроти 6.597 во прв круг), во Кисела Вода (води со разлика од 9.440 гласови, наспроти 5.895 во прв круг), во Ѓорче Петров (води со разлика од 5.292 гласа, наспроти 2.694 во прв круг), во Бутел (води со разлика од 2.577, наспроти 378 гласови во првиот круг). Во општина Сарај, каде што во прв круг победи кандидатот на ДУИ Блерим Беџети со 73.10% од гласовите, Шилегов има предност од 5.087 гласови (наспроти 5.681 во прв круг).

СЛОБОДНА ЗОНА

„Говорот во кој Зоран Заев ја понуди на јавноста својата експресна постизборна оставка од премиерската и водечката партиска функција е уште еден преседан, невиден во македонската политика. Со брзината која ја донесе оваа тешка и одговорна одлука, со честитките до политичките противници и со манири на (морален) победник и во тежок (изборен) пораз, македонскиот премиер и реформатор, уште еднаш покажа државничка цврстина и големина“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ „Фала за оставката, не е прифатена!“

„Како што вети, Заев понесе одговорност и поднесе оставка за лошиот изборен резултат. Без оглед дали го сакате или мразите овој човек, и овој потег него го крева неколку копја над тоа што сме го гледале вообичаено на македонскиот политички врв во овие 30 години.

Дали таа оставка и носи добро на земјата? Ќе видиме, откако ќе заврши политичката криза, лимбо или интеррегнум, наречете го како сакате. А тоа е она што ја очекува државата во наредните месеци. Сакале – нејќеле“, пишува Петрит Сарачини во колумната „Што донесоа резултатите од изборите?“.

„За поразот, несомнено, е најодговорен Зоран Заев. Но, тој и кога губи, како и кога победуваше, одржа „премиерна“ национална лекција што ќе се памти: ја честиташе победата на противниците, а потоа без траги на нерешителност, си поднесе оставка и од премиерската и од партиската претседателска функција – нешто што во демократска Македонија до сега не е забележано!“, пишува Сашо Орданоски во молумната Прасето пред Божик не се згои – Македонија е во политичка криза!

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ