„Од 1 јули започнува мерката за враќање на дел од ДДВ-то на граѓаните. Позитивните економски трендови во државата ни овозможуваат да ги спроведеме мерките по кои се препознаваат политиките на оваа влада: Да ги враќаме парите назад кај граѓаните. Секое семејство ќе може да смета дека во текот на една година во семејниот буџет ќе си врати околу 30 илјади денари. Вкупниот износ кој ќе се врати назад кај граѓаните од повратот на ДДВ, се проценува дека ќе изнесува од 60 до 100 милиони евра“, изјави премиерот Зоран Заев на отворената дебата на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци.
„Позитивните економски трендови имаат своја улога и во реализацијата на новиот пакет социјални закони со кои од сиромаштија ќе извлечат 400 илјади наши сограѓани кои од април оваа година, откако Собранието ќе ги усвои законите. Дополнително, социјалната помош од сегашните 3900 денари, ќе порасне не нешто повеќе од 11 илјади денари, и тоа е само една нова мерка која опфаќа и многу други во системот на заштита“, додаде Заев.
Покрај зголемувањето на висината на социјалната помош, со реформите, пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати.
„Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Исто така типично четиричлено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа“, изјави Заев.
А. П.