• Latest

Заев: Солидарноста функционира, од Србија денеска ќе отстапат неколку хеликоптери

August 3, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Солидарноста функционира, од Србија денеска ќе отстапат неколку хеликоптери

August 3, 2021 08:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Здружени сме и правиме се што можеме. Приоритет се човечките животи, има девет луѓе коишто вдишеле чад и се на лекување во болница. Немаме загрозени човечки животи“, изјави синоќа премиерот Зоран Заев, кој беше во посета на Кочани.

Тој нагласи дека Владата ќе изнајде начини за да ја надомести материјалната штета, без разлика дали станува збор за опожарени покриви, куќи или за уништена стока. 

– Важно е да знаат сите дека солидарноста во државата функционира. Целиот систем е ставен преку ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување со ППЕ и општинските штабови функционираат имајќи предвид дека само денеска се лоцирани 13 пожари коишто беснеат на територијата на целата држава. Беснеат и во соседството. Важно е да ги споделиме сите ресурси и важно е што сме сите активирани, истакна премиерот синоќа во Тркање, Кочанско каде беше придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Премиерот изрази благодарност и до војската и до полицијата, кои, како што напомена не се обучени за гаснење на пожар, но сепак се мошне важни во менаџирањето на граѓаните, кои се во паника од ваквите ситуации, како и во евакуација на цивилното население.

Заев истакна дека тој, Филипче, Ангелов и Илијев цела ноќ ќе останат таму, бидејќи, како што рече важни се проценките што ќе се направат по полноќ во утринските часови, заради дејствување на хеликоптерите на територијата на целата земја. 

– За жал горат доста планини во нашата земја. И се организиравме утре наутро затоа што ниту кај нас ниту во кои било земји навечер хеликоптерите не дејствуваат. Можат да загинат, не се знае, може да повредат луѓе коишто се некаде влезени со најдобра намера да помогнат. Затоа по прописите хеликоптерите оперираат во текот на денот, нагласи синоќа Заев.  

Тој потсети дека претседателот Стево Пендаровски разговарал со бугарскиот претседетел Румен Радев за помош, а тој самиот стапил во контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој потврдил дека за денеска ќе ни отстапат неколку хеликоптери. Разговарал и со техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев во насока на правовремено дејствување со сите расположливи ресурси.   

Заев напомена дека олеснителна околност е тоа што се смирил ветрот, кој вчера достига брзина од 27 метри во секунда, а за денеска прогнозите се дека ќе биде 19 метри во секунда.

– Тоа значи дека наутро треба да дејствуваме и да превенираме се што може да биде жариште, кое што прво ќе загрози луѓе, потоа куќите, а понатаму секако и шумите коишто горат во државата, рече синоќа Заев и додаде дека во моменот се загрозени и подрачјата на Македонски Брод, Делчево и Пехчево…

Тој напомена дека високите температури ќе продолжат и денеска и утре, но веќе од четврток се очекува промена на временските услови, но сепак, како што рече сите надлежни и граѓаните треба да бидат будни и фокусирани. 

Во врска со подготвеноста на противпожарната служба воопшто за навремено реагирање, премиерот нагласи дека станува збор за системски предизвици, дека има обновување низ годините, со возила, но сепак, смета дека тоа треба да се прави со уште поголемо темпо.

Заев потсети дека се решени системските проблеми околу платите на пожарникарите, а во иднина потребно е да се зголеми нивниот капацитет, со што е можно повеќе противпожарни возила.

– Општините немаат капацитет тоа сами да го направат, тука треба да влезе државата со  кредитна линија или да определи соодветни буџетски средства за да ги зголеми секако тие ресурси коишто ни требаат. Една од причините зошто направивме и солидаризација со Србија и со Албанија. Договорот што го потпишавме е токму за заштита и спасување во случај на катастрофи, на вакви пожари, поплави, земјотреси или слично. Еве дејстуваме. Утре ќе ги имаме на повидок ваквите активности, рече Заев.

Премиерот додаде дека „Канадерите“ се приземјени и оти Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка од Хрватска за сервисирање. Премиерот изјави дека тоа ќе се направи уште утре за да се избегнат сите тие бавни постапки по јавните набавки.

– Сега го имаме основот согласно Законот, кога навистина треба брзо да се дејстува. Верувам дека и Бирото за јавни набавки со одлука на Влада доколку е потребно ќе направиме брза интервенција за сервисирање, односно одржување, кое што ќе ја дозволи причината односно ќе ја отстрани причината и ќе дозволи да полетаат „Канадерите“, додаде Заев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ