„Дури и да има некој формална причина, не смее да им се прават проблеми на граѓаните. Администрацијата мора да даде сѐ од себе да наоѓа решенија за граѓаните. Најлесно е да се каже не! Но, тоа мора да заврши! Не може со години да ви прави некој склекови. Кој сака нека биде! Смислата на постоењето на политичарите, државата и општините, е да бидат во служба на граѓаните, ние постоиме заради граѓаните!“ – рече премиерот Зоран Заев во својот емотивен одговор на граѓанка што постави прашање поврзано со работата на катастарот, на Трибината во Охрид „Силна економија, шанса за сите!“
Трибина во Охрид: Силна економија, шанса за сите! [01.02.2019]
Во живо од трибината во Охрид: Силна економија, шанса за сите!
Gepostet von Zoran Zaev am Freitag, 1. Februar 2019
На трибината во Охрид, тој ја извести јавноста и дека „постои волја од Владата, ЕЛЕМ и ЕВН да избришеме долгови за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока да ги вратиме парите назад кај граѓаните.“
Џ. Д.