Во сличен контекст, како што ми се чини, ВМРО-ДПМНЕ е на добар пат да го погоди „дрвото“, промашувајќи ја „шумата“ околу тетовската трагедија: тие се толку силно преокупирани само и само со оставката на Филипче, што ништо друго не ги интересира – а тоа „партиско лешинарење“ на крајот го мобилизира и ја дига кохезијата во СДСМ околу Заев и Филипче многу побрзо и подобро одошто е тоа нормално при вакви непријатни политички собитија. Читајте во новата колумна „ Кој си игра со емоциите, на крајот од емоциите (политички) и гине’’ на Сашо Орданоски.
ИНТЕГРАЦИИ: Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана ќе присуствува на средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан. Според агендата, предвидено е попладне владината делегација да има билатерална средба со канцеларката Меркел.
ОДБРАНА: Министерката Радмила Шекеринска денеска во австрискиот град Кремс учествува на конференција на министрите за одбрана од Западен Балкан и Австрија, посветена на соработката во регионот и неговите перспективи во ЕУ.
САМИТ: Собранието на Северна Македонија денеска ќе ја одржи 50 седница. Седници ќе одржат и собраниската Комисија за одбрана и безбедност. како и Законодавно-правната комисија
ЗЕЛЕНИ: Во хотелот Мериот во Скопје, од 10.30 часот,ќе се одрќи јавна расправа на тема „Дали новиот предлог на Законот за минерални суровини максимално ја штити животната средина?“ во организација на Институтот за комуникациски студии.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Дводневна конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика” во организација на Министерството за надворешни работи на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и под покровителство на првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. Ќе се одрќи во х.Хилтон , во Скопје со почеток од 9.30.
МОНИТОРИНГ: Во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.