„Јас сакам да ги слушнам сите. Имам свои очекувања. Важно е опозицијата што ќе каже затоа што и тие бараа предвремени избори. Секако треба да го слушнеме ставот на коалоционите партии. Немам конкретно датум. Опциите се отворени“, одговори премиерот на прашањето кога точно би се одржале предвремените парламентарни избори.
Заев најави и средба со коалиционите партнери по лидерската средба кај претседателот Пендаровски закажана за утре во 17 часот.