Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја поздрави посветеноста на државните институции за подобрување на законската регулатива и условите за водење бизнис, и ја поддржа секоја иницијатива и чекор кој се презема за да се олесни работата на компаниите кои дејствуваат на пазарот. На денешната прес-конференција од комората истакнаа дека тие како и секогаш се подготвени, со дејствување во партнерство и добра верба со државните институции на било кое ниво, да помогнат во подобрувањето на бизнис климата и да придонесат во економскиот развој на земјата.
„Почнувајќи од нашите стратешки определби, особено од нашата прва стратешка определба за правилна примена на законите и заштита од селективната примена, како и нашата мисија за заштита на бизнисот и економскиот развој во земјата, Ние Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги даваме овие проценки:
-Економијата на земјата е во тешка состојба како резултат на повеќе фактори поврзани со политичките и социјалните случувања во последните две години;
-Политичката и социјалната состојба на земјата доведува до несигурност во правилното и институционалното почитување на обврските на многу странки вклучени во економскиот и административниот живот во земјата, што може да се види и од Индексот на Глобална Конкурентност на Светскиот Економски Форум, што ние како Комора и партнер на Светскиот економски форум го објавивме вчера;
-Економскиот развој на земјата е условен од слободната активност на претпријатијата без институционални и неинституционални пречки, секогаш применувајќи ги принципите, законските норми и подзаконските акти утврдени како стандард на современите држави.
Случајот на укинување на деталните урбанистички планови во Општина Карпош и Општина Аеродром се еклатантни случаи каде што голем број од бизнисите претрпеа огромни финансиски загуби, не поради непринципиелното однесување и недостатоците во одобрување на плановите, но во одредени случаи и од неодговорното однесување на институциите кои не ги почитуваат законските обврски во својата работа. Со овие дејства се прекинува реализацијата на инвестициските проекти на градежните компании.
Оттука, имајќи ги во предвид сите овие случаи, Им апелираме на централните и локалните институции за проблемите со кои се соочува бизнисот, особено во последно време, да им се пристапи со поголема посветеност и сериозност за истите да се решат и да не се повторуваат.
Исто така, поважно за нас како Комора и за бизнисите е правилната имплементација на законите, почитување на постапките и правата загарантирани со закон за компаниите како правни субјекти, кои овозможуваат деловно работење без пречки, бидејќи секоја пречка за инвестирање од бизнисот е стагнација за подобрување на животните услови“, се вели во соопштението од Комората.
К. С.