поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
КАКО ЗА ПРАВОСУДСТВОТО, ТАКА ЗА ФИНАНСИИТЕ
Се плашам, премиерот, раководејќи со финансиите, да не ги постигне истите успеси што ги оствари кога застана на чело на Комисијата за реформи на правосудството.
ЗНАЕ ХАН ДЕКА ОВДЕ НЕ ВАЖИ ПРИНЦИПОТ „ЗАКОНОТ Е НАД СИТЕ“
Тврдам дека не може да помине ниедна варијанта на закон за обвинителството, со која не се исклучува било какво натамошно гонење за криминал и корупција на Али Амети, Бујар Османи или некој друг функционер од ДУИ.
Никој не треба да се сомнева и во поддршката што ќе ја добиваат од ВМРО.
Г-дин Хан најдобро треба да знае дека во РСМ од одамна и сѐ уште, за жал, не важи правилото „законот е над сите“.
„НЕДОПИРЛИВИТЕ“ БАРААТ ДАТУМ ЗА ЕУ
Многу државни функционери овде и не кријат дека тие одговараат само пред лидерот на својата партија и пред никој друг. „Кристално чиста“ препорака за почеток на преговорите од ЕУ, за Македонија бара и очекува да добие токму функционер кого надлежен орган него и неговиот партиски лидер безуспешно се обидува да ги гони за корупција. Тие не одговараат и кога на плоштад слават со пукање од огнено оружје.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
илустрација: “Lady Justice Under Fire” – Day Williams