Законот за амнестија на лицата учесници на настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, ќе се најде пред пратениците откако Председателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 26.11.2018 во 11:00 часот со 9-та точка на дневниот ред – Предлог-закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Предлог-законот за амнестија ќе ги опфати сите лица и дела извршени на настаните на 27 април, а до Собранието бил доставен на 30-ти октомври и досега не беше разгледан. Предлагачите барат да се носи со скратена постапка.
Инаку, пратениците и партиите од собраниското мнозинство веќе се изјасниле против носење на ваков закон. Против се изјаснил и премиерот Зоран Заев.
А. Зеќири