Законот за антикорупција никако не стигнува да се разгледа во комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Најпрво овој закон од прва точка се симна последна, или четврта на дневниот ред, а по отпочнувањето на дебатата, кога се пристапи кон третата точка, законот за судска служба, пратеникот Реџаил Исмаили заради лични обврски побара пауза до 14:00 часот.
Председавачот на комисијата даде пауза до 13:30. За законот за спречување на корупцијата и конфликт на интереси има поднесени 39 амандмани, 37 од ВМРО-ДПМНЕ, 1 од СДСМ и 1 од Алијанса на Албанците.
Арбен Зеќири