Замислете на кого му е жал за „несериозните и навредливите“ изјави на албанската опозиција, кој го поддржува ветингот во политиката, судството и обвинителството, предлог законот за контрола на актуелните носители на јавните функции и се жали дека некој ги руши нивните достигнувања!
„Нивните достигнувања“ најдобро од сите ги опишал Рајнхард Прибе со неговата група, во која учествуваше и еден инспектор од Италија, познат по неговото искуство во борбара против мафијата.
За тоа што и како работеле носителите на јавните функции од ВМРО и ДУИ за време на минатата деценија, се виде јасно од објавените снимки од прислушуваните разговори од нивната УДБА.
Нема потреба од ветинг, се додека овие „носители на јавни функции“ не одговараат пред законот за тешката кризна состојба во која ја донесоа Македонија, како што констатираше и Рајнхард Прибе.
За навредите што имавме можност да ги слушнеме, не од страна на опозицијата, туку од валканите усти на нивните функционери, тие самите велат дека „ќе поминат како утринска роса“.