Во село Јанчиште, Општина Јегуновце, Тетово, во 19 и 30 минути, на 15 метри од избирачко место, избил пожар од запалени пластични цевки.
Материјалот што бил запален е дел од општинскиот проект за канализација по селата. Во тек е интервенција од Противпожарната бригада од Тетово. Од она што доаѓа како информација од терен, нема повредени. Сепак, според коментарите на мештаните симптоматично е што настанот се случил до избирачкото место, а се работи за општински имот.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ