Во СЦ „Борис Трајковски“ започна симулација за вакцинација против Ковид-19, на која присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
„Сите вакцини се безбедни, разликата е само во нивната ефикасност“, изјави Денис Јанкуловски, медицинско лице и активист.
На симулацијата присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.
Вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, се очекува да почне во понеделник на 48 пункта во СП „БОрис Трајковски“.
Планот е дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините. Согласно планот, ќе се работи во две смени од 8 до 20 часот.












