Денеска со јавната расправа во Владата започнува третата фаза од постапката за уставни измени согласно Преспанскиот договор.
На јавната расправа ќе говорат премиерот Зоран Заев, и универзитетските професори Љубомир Фрчкоски и Владо Поповски. Најавени се пет јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани.
По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери има рок од 30 дена да закаже пленарна седница на која пратениците треба да ги изгласаат уставните измени со двотретинско мнозинство.
Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Македонија.
Во меѓувреме, опозициската ВМРО ДПМНЕ за денеска најави нов протест во Скопје.
М. И.