Започна форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, кој се одржува во во сала Милениум 1, во хотел Холидеј Ин во Скопје, на кој учествуваат премиерот, вицепремиерите, невладините, медиумите, бизнисот и академијат.
Поводот за одржување на овој форум е одбележувањето на две години од формирањето на Владата на Република Северна Македонија.
Во 14 часот ќе започне втората сесија на Форумот е на тема „Агенда 2019-2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“. Модератор на оваа сесија е Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Во втората сесија учествуваат премиерот Заев, Томислав Кежаровски, новинар, Беса Арифи, универзитетска професорка, Таки Фити, претседател на МАНУ, Љатифа Шиковска, граѓанска активистка, Уранија Пировска, директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Коста Петров, претприемач и Антонио Аргир, претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.