Пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во Атина, грчките власти најавија затворање на улиците и неколку метро станици и исто така забранија протестни собири во центарот на градот.
По пет години, германската канцеларка доаѓа во официјална посета на Атина, а средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас е закажана околу 18 часот. Покрај тоа што тие ќе разговараат околу финансиите и европската политика, но ќе се осврнат и на преспанскиот договор помеѓу Грција и Македонија.
Поставени се засилени мерки за обезбедување, ангажирани се 2000 полицајци, полициски хеликоптери и дронови, објави АП.
Ј. М. П.