Дваесет лица со попреченост денеска напладне во ресторанот „Амбрела“ ќе подготвуваат бесплатни безалкохолни коктели за деца и со дружење и забава ќе биде завршен проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.
Проектот го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации, а го финансира Европската Унија.
– Апел до родителите: Дојдете со вашите најмили, заедно да се увериме дека попреченоста е само прашање на перцепција, соопшти НВО „За среќно детство“, која организираше шест бесплатни работилници за софт-вештини, како и практични вештини со цел да се зајакнат капацитетите на лицата со попреченост, но и да се докаже колку тие можат.
извор: МИА












