Тој пешки ја мина границата меѓу Северна и Јужна Кореја во селото Панмунџом, каде било потпишано примирјето во 1953 година.
„Ова е голем ден за светот“, кажа Трамп на границата. „Тоа значи дека сакаме да го сопреме несреќното минато и да се обидеме да создадеме нова иднина“.
Ким изрази надеж дека ќе ги „надмине пречките“ во односите со Трамп.
Северноморејскиот лидер изгледаше опуштено и задоволно додека разговараше со Трамп.
„Ова е израз на неговата волја да работи на нова иднина“, кажа Ким.
Тој истакна дека би му била голема чест Трамп да ја посети неговата престолнина Пјонгјанг, додека американскиот претседател го повика Ким во посета на Белата куќа.
Ова е трета средба на двајцата лидери од нивниот историски самит во јуни минатата година и неуспешната средба во февруари во Ханој.
Оваа средба веројатно нема да биде доволно за решавање на чувствителното нуклеарно прашање на Северна Кореја, но е симболички важно за двете земји кои пред година и пол една на друга се закануваа со уништување.
Трамповата администрација бара Пјонгјанг трајно да се откаже од својата нуклеарна програма пред да размисли за укинување на меѓународните санкции, што Северна Кореја го одбива.
„Кога на социјалните мрежи ја објавив поканата за средба, помислив – што ако Ким не се појави? Медиумите ќе ме распнат.
Мислам дека ова би можел да биде историски момент, мислам дека тоа и е. Мислам дека односот што го имаме значи многу за толку многу луѓе“, кажа Трамп.