И оваа година за дел од учениците заврши без некои потребни учебници, скриените трошоци ни одблиску не го направија бесплатно школувањето, наставните програми сеуште не се реформирани од времето на Груевски. Утре е последниот училишен ден 270 илјади средношколци и за 20.000 првачиња кои ја завршија учебната 2018/2019 година.
За следната учебна година, според конкурсот на Министерството за образование и наука, има 35.690 слободни ученички места.
За учениците кои завршија средно образование, ќе треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец, утре е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика. Доколку матурантите сакат да го продолжат своето образование и планираат да се запишат на факултет ќе може да го направат тоа во месец август.
За следната учебна година, се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешки.
А.М.