Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска коментираше за скандалот со корупција откриен од антикорупциските власти во земјата, повикувајќи министрите за правда и енергетика да бидат разрешени од своите позиции, додека истрагата продолжува, објави Гардијан.
„Ова е исто така прашање на доверба. Ако има обвинувања, на нив мора да се одговори“, рече тој во објава на Телеграм.
Според Гардијан, Зеленски побарал од премиерката Свириденко да „бара писма за оставка од овие министри“ за да не бидат вклучени на влијателни позиции додека истрагата продолжува.
Тој рече дека додека земјата се соочува со растечки енергетски проблеми со прекините на електричната енергија, предизвикани од континуираните руски напади врз Украина, „апсолутно е ненормално што сè уште постојат некои [корупциски] шеми во енергетскиот сектор“.
Д. Т.












