Во Париз во последниве децении овие протести беа едни од најжестоките, при што оштетени се неколку важни симболи на градот.
Демонстрантите околу две недели протестираат поради данокот на гориво и зголемените трошоци за живот. Нивни претставници требаше да одржат средба со властите, но таа беше откажана од безбедносни причини.
За време на протестите, три лица настрадаа, а над стотина беа повредени и приведени.