Француското антивладино движење Жолти елеци соопшти дека ќе предложи свои кандидати на претстојните избори за Европскиот парламент.
„Граѓанското движење покажа потреба својот гнев да го трансформира во политички проект способен да му даде одговори на францускиот народ кој го поддржа“, стои во соопштението.
Движењето, кое до сега немаше раководна структура, би можело да освои 13 отсто од гласовите на изборите за ЕП во мај, покажа анкета што ја спроведе фирмата Елаб за БФМ ТВ и би била на трето место – зад партијата на претседателот Емануел Макрон Република во движење и екстремно десниот Национален собир, некогашен Национален фронт.