Поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
На тие што грчевито го бранат постојниот изборен модел, од нивно искуство им е познато дека со десетина илјади „административци“, со или без работни места, кои плата земаат од буџетот, лесно може да се обезбеди потребен број гласачи за десетина пратеници, потребни било ВМРО или СДСМ, да формираат влада.
На другите партии на Албанците, треба да им биде јасно дека од нив никој не бара ни федерализација ни редефинирање на Македонија, како што се уверија на последните избори.