• Latest

ЦИВИЛ е дел од светската акција Проговори!

September 18, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ е дел од светската акција Проговори!

September 18, 2017 20:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Враќање на слободата! е мултимедијален настан на ЦИВИЛ – Центар за слобода кој вклучува флеш-моб (уличен перформанс), панел дискусија, уметничка работилница на отворено, изложба, диџеј сетови и информативни штандови за промоција на глобалната Граѓанска повелба, слободата на изразувањето и човековите права.

Уличниот перформанс, во кој ќе учествуваат млади активист(к)и на ЦИВИЛ, ќе се одржи в петок, на 22 септември на плоштад Македонија во Скопје, со почеток точно напладне. Веднаш потоа, ЦИВИЛ организира и панел – дискусијата на тема „Враќање на слободата“ во Клубот на новинарите, со почеток во 13 часот. Четворица интелектуалци и активисти ќе зборуваат за нивното разбирање на Граѓанската повелба и начините за враќање на човековите права и слободи во општеството. Присутните се повикани да учествуваат во дискусијата со свои мислења и ставови.

ЦИВИЛ во сабота и недела, 23 и 24 септември како дел од Враќање на слободата! (ReClaming Freedom) ќе одржи уметнички работилници во Градски парк, со почеток во 16 часот. Мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ, член и активист на ЦИВИЛ ќе овозможи простор за граѓанките и граѓаните, на креативен начин, да споделат пораки за слободата на изразување и човековите права. Со бои и зборови, посетителите ќе можат да ги нацртаат или да ги напишат своите визуелни или текстуални пораки и да проговорат гласно или во тишина за своите права и слободи.

Во вечерните часови, овие цртежи и пораки ќе бидат преместени во центарот на градот, каде што ќе бидат дел од амбиентот за забава на отворено до 23 часот.

Со овие активности, ЦИВИЛ е дел од светската кампања Проговори! (SPEAK!), создадена како одговор на сè побројните напади врз основните човекови права и слободи, а културата на поделби, предизвикува многумина да се свртат едни против други.

Идејата на кампањата е градење платформи за да се слушнат гласовите на обичните луѓе, создавање простори за слушање и учење еден од друг и да се покаже дека нашите слободи и борби се меѓусебно поврзани повеќе од било кога порано.

Кампањата официјално ќе започне в петок, 22 септември, со “Ден на тишината”, кога поединци и организации ќе изберат да ги замолчат сопствените гласови во солидарност со оние кои беа замолчени против нивната волја, што ќе биде и лајтмотив на уличниот перформанс во Скопје.

Од сабота до недела, односно од 23 до 24 септември, светот ќе зборува како еден, со стотици настани што ќе се случуваат низ целиот свет.

Проговори! е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, а како дел од Civic Space Initiative.

Клучни партнери вклучуваат голем број глобални организации, како и регионални, национални и локални групи од Латинска Америка, Азија, Пацифик, Африка, Европа и Северна Америка.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е единствената организација од Македонија што се приклучува на оваа глобална акција за човековите права и слободи и е меѓу првите 50 организации во светот која го потпиша глобалниот документ Граѓанска повелба. ЦИВИЛ ја преведе и објави Граѓанската повелба на македонски, албански, турски, ромски, влашки и српско-хрватско-босански јазик.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Враќање на слободатакампањаПроговори!слободауметничка работилницафлеш-мобЦивилчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result