• Latest

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025 13:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено. По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри затоа што тие не дале оставки и ги извршуваат своите обврски во ресорите, а имаат и свои заменици.

Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала.

Во однос на комплетирањето кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека имаат дилеми меѓу неколкумина во неколку општини.

-Имаме уште неколку дилеми, во суштина сите се тие кандидати кои ќе имаат големи шанси, да не речам – се победници на локалните избори, но имаме дилеми помеѓу неколкумина во одредени општини. Сега е сезона на годишни одмори, сакаме да направиме детална аналза и скенирање – и во рамки  на општината во која ќе се кандидираат, кај граѓаните, но и во рамки на партиската структура. Тие анкетирања и скенирања на состојбата ќе ги направиме по 15-20 август така што при крај на август очекувајте да ги комплетираме списоците, изјави Мицкоски.

На прашањето дали ќе има реконструкција на Владата и се размислува ли кој ќе дојде на местото на министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити, откако тој ја најави кандидатирата за Чаир, и на местото на Фатмир Лимани, кој ќе биде кандидат на Вреди за Кичево, премиерот одговори дека тие не поднеле оставки, дека ги извршуваат обврските, но и оти секој министер има и свој заменик-министер.

-Тие не поднесоа оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во министерствата, во ресорите каде што се министри и истровремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, често пати се случувало во минатото. Така што, сето тоа што значи нормално функционирање на институциите, ќе продолжи во таа насока, додаде Мицкоски.

На новинарско прашање дали е етички и коректно двајцата министри од Вреди и шест директори од таа партија да водат кампања за локални избори додека се на фунцкија, Мицкоски рече дека нема ништо незаконски и тоа било и пракса во минатото.

Прашан кој е неговиот став на тоа што голем број од независните листи стануваат политички партии и дали може да се интервенира во Изборниот законик, премиерот одговори дека е поминат рокот за Законикот и оти како Влада ги почитуваат сите одлуки на Уставниот суд.

-Помина веќе рокот за менување на Изборниот законик, вообичаено треба шест месеци пред избори, тој е заглавен во процедура. Не очекувам периодов да се  обезбеди мнозинство или кворум за такво нешто, а и не би било природно. Околу независните листи, ќе треба да се види законот и како може да се интервенира имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд. Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, се почитуваат, така што и ние како Влада ќе ја почитуваме и ќе видиме како сето тоа да го надминеме, додаде Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Фото: принтскрин 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ