ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?
Единствениот политичар од највисоките кругови во СНС што му конкурирал како противкандидат на Александар Вучиќ заминал од живите таинствено. Јавноста почна да поставува прашања дури три години по вадењето на телото на политичарот и адвокат од водите на Дунав. Дилемата ја отвора одново „Ал Џазира Балканс“ која се врати со својата програма на Полуостровот.
Како почина советникот на претседателот Владимир Цвијан и зошто е тоа енигма? – се прашува деновиве Ненад Кулачин во прилог на програмата на Ал Џезира Балканс, која од неодамна одново зрачи со својата програма. Се чини дека не е сѐ до обновата на програма која и кај нас беше гледана, а згора имаше и своја редакција во Македонија. Секако. За рестарт на било која редакција во светот на „седмата сила“ обично се чуваат некои теми кои ќе ја заскокоткаат јавноста.
А јавноста во Србија не беше информирана за смртта на Владимир Цвијан, еден од противниците на претседателот Александар Вучиќ на партиските избори, повеќе од три години од неговото давење во дунавските води. Темата некако се потиснала, посебно кога подолго време во средината во која Цвијан живеел и работел речиси и немаше медиуми кои иста би ја држеле на површината. Рака на срце, тоа е и заради фабрикувањето на други афери на Вучиќ кои никнуваа секој ден низ неговата партиска, потоа премиерска и на крајот претседателска кариера.
Конечно, во Србија климата целосно се промени и тоа уште во понеделникот, кога народот славеше што си заминува политичарот кој воведе режим во нивната земја. Па потиснатите енигми, како првото пролетно цвеќе после длабоките снегови на присилата сами си се појавуваат. Но, зошто е Цвијан значаен?
Владимир Цвијан знаел многу и за поранешната влада и за СНС, пишува авторот Ненад Кулачин. Тој починал на необјаснив начин во 2018 година. „Никој не слушнал ни збор за него во претходните години, а тишината за неговата смрт е толку гласна овие недели што е нереална и неверојатна. Владимир Цвијан, поранешен советник на претседателот на Србија Борис Тадиќ, а потоа и на претседателот Томислав Николиќ, висок функционер на СНС и единствен противник на Александар Вучиќ на партиските избори досега, не бил откриен каде се наоѓа“, наведува авторот на истражувањето.
Во пребарувањето на старите весници и прилози најдов еден текст во Радио Слободна Европа од она време на менување на политички дресови. Делува како политичко лицемерие, но тогаш заменик-претседателот на СНС, Александар Вучиќ, го претставил Цвијан како еден од најдобрите адвокати во Србија и еден од најпрепознатливите во Европа и светот:
„Не сакавме да му зададеме никаков политички удар на никого, денес само сакам да го пофалам и да му се заблагодарам на Цвијан за неговиот храбар потег и можам да кажам дека сме почестени и горди што имаме еден од најдобрите адвокати во Србија во нашите редови“ – изјавил Вучиќ за идниот противник.
Демократската партија експресно потврдила дека Цвијан не бил член на партијата. Бил наводно само советник на Тадиќ. Дали оваа постапка бара разбирање или не е помалку важно, но за конкретната постапка, потпретседателот на Демократската партија, Драган Шутановац, вели:
„Нема разбирање за никого што преминува од партија што е силно левичарска во партија што е силно десничарска, односно национална. Тој начин на политичко изразување воопшто не ми е близок и навистина немам разбирање“, рекол Шутановац.
Според него, кога заминувате од една партија, треба да се побара партија со слична политика, не да профитирате.
„Ако имате одредени проблеми во одредена партија, треба да барате партија што е поврзана со политиката на таа партија, а не да одите во партија каде што можете да профитирате од некои ваши лични позиции, за кои сум сигурен дека веќе се договорени за г-дин Цвијан. Јас не соработував со него“, изјави Шутановац.
Впрочем, на почетокот на 1990-тите во Србија, политичкиот тренд на трчање од партија во партија произвела таканаречени полупрофесионалци, очигледно свесни дека без партиска книшка нема социјален, а понекогаш дури и финансиски подем. Политичкиот аналитичар Владимир Гоати забележува дека бил редок случај некој што имал висока државна функција во корист на владејачката партија да се префрли во спротивниот табор:
„Признавам дека во овој момент не можам да се сетам на некој што е на многу влијателна државна позиција, кој се приклучува на опозициска партија. Тоа е сè уште доста редок случај и тука мора да прифатиме нешто што здравиот разум вели дека луѓето имаат свои лични убедувања и моментот кога нивното лично убедување преовладува како пресврт, а другиот го има. Второ, тоа сигурно има голема симболична вредност и секако во таа трка помеѓу двете мегапартии на напредокот и демократите ќе има исклучителна вредност и ќе се обиде да го искористи во медиумите, така што можеби би се случило обратното, па обид да се искористи таков вид промена на дресот.“
Тоа за Цвијан не бил среќен трансфер, на крајот. Кажавме зошто. Заминал, се изгубил од видокругот и на крајот се чини дека само неговиот татко знаел, кој исто така починал во меѓувреме (!), а многу е чудно што веста не била осознаена ниту од сопругата и синот!
Постоеле гласови во 2021 година дека можеби Цвијан е сведок на врските меѓу луѓето од „тврдото“ подземје што ги бранел и самата СНС која профитирала од таквиот сојуз.
Според официјалните податоци, телото на Владимир Цвијан е пронајдено на 5 јануари 2018 година на десниот брег на Дунав, а според извештајот од обдукцијата, тој починал од давење. Ако треба да се верува на официјалните податоци, на телото не се забележани траги од насилство и заклучено е дека станува збор за самоубиство. Но зошто за ова сознание се молчело три години?
Истражувачот Кулачин потенцира дека во Србија, вообичаено е вестите за самоубиства да се појавуваат во медиумите, без разлика дали станува збор за таксист, наставник, спортист, лекар, млади мажи или жени. Иако тоа навистина не е препорачливо, кога се работи за медиуми. Сепак се работи за јавна личност, политичар од највисок ранг – тој бил студент на Правниот факултет во Белград, адвокат, советник на двајца претседатели, пратеник во парламентот, претседател на Парламентарниот комитет за уставни прашања… Посебно се акцентира тоа што се осмелил на Вучиќ на изборите за претседател на СНС да му „излезе на црта“. Значи нема таков медиум што не би ја ставил таа приказна за таинствената смрт на насловната. Освен, се чини – во Србија.
Станало јасно дека само неговиот татко го придружувал Цвијан на неговото вечно патување. Тој, исто така, ја потпишал наредбата за кремација, а урната со неговата пепел била поставена на гробиштата во Белград, во Лешќе. На плочата се прикажани само името, годината на раѓање и годината на смртта. Како и зошто е можно нешто вакво? Оваа приказна е толку морничава што јавноста отворено се сомнева во нејзината веродостојност. Кој бил одговорен за фактот дека Цвијан повеќе не е таму, но и за тоа што јавноста не е информирана дека починал? Тоа не било интересно ниту за Адвокатската комора, која го избришала од своето членство шест месеци по неговата смрт. Не уплаќал членарина!
„Тука има многу работи во прашање, а најлошиот дел е молчењето. За српскиот претседател Александар Вучиќ, сепак, сè е јасно – Цвијан се самоубил, а таткото се засрамил од тој потег и го погребал својот син во мир и тишина. Точка. Истиот тој Вучиќ ја стави поентата на многу приказни пред години. Истото го направи и со Савамала, Крушик, Веља Невоља…“ – потсетуваат во Ал Џезира.
И постои посебно потсетување на сообраќајната несреќа на наплатната рампа кај Дољевац, на автопатот Белград-Ниш. Службениот автомобил во кој се возеше тогашниот директор на Коридорот на Србија и висок функционер на СНС, Зоран Бабиќ, удри во автомобил што стоел на наплатната рампа. Станика Глигоријевиќ (52) почина во таа прилика.
Клучните две минути снимка од наплатната рампа, на кои се гледа кој бил зад воланот на службеното возило – возачот или Бабиќ – исчезнаа. Вучиќ рече дека го видел тоа видео, дека сè е јасно, дека е морничаво и дека им препорачува на семејството на починатиот да не го гледаат. Семејството инсистира да го види тоа видео, но го нема. И Вучиќ стави крај на оваа приказна.
Што е во прашање кога станува збор за Цвијан? Дури и ако се игнорира фактот дека никој не бил информиран за неговата смрт, што е најстрашното и најсомнителното нешто, сосема е нејасно зошто Цвијан би се самоубил, дали скокнал во Дунав каде што бил пронајден, и ако не, каде се самоубил. Постои и мистеријата за личните работи и прошталното писмо. Исто така, сомнително е дека Цвијан знаел многу, и за поранешната влада, и за наопредњачкиот и личен анимозитет кон Вучиќ, и обратно.
Од биографијата која овој човек може да се дознае дека тој го оставил Борис Тадиќ незадоволен од неговата политика. Потоа се нашол во прегратките на Томислав Николиќ кој победил во трката за претседател, а Цвијан во тоа време бил негов советник. На видеото кога Вучиќ ја објавува победата на Николиќ, Цвијан е таму, веднаш до него. Тој почна да гради сериозна политичка кариера.
Сепак веројатно посакал да му се спротивстави на Вучиќ и тоа во 2013 година со изјави кои и денес ги изговара опозицијата.
Најчестата критика беше дека СНС го лаже народот, дека не ги исполнува своите ветувања и дека Вучиќ е – диктатор. Цвијан го кажа ова во 2013 година, по разделбата со напредњаците. Одговорот кон него бил таков што тој се изгубил од радарот – имало некои приказни дека бил во Јужна Америка, САД, Црна Гора…
Авторот на обновената приказна за Цвијан дека веројатно бил „намамен“ да дојде во Белград и да види некои луѓе на сплав. Никој јавно не зборува за тоа. Владата молчела, но и опозицијата исто така молчела. За владата, е сосема јасно, но е сосема нејасно што опозицијата молчи, особено кога никој не може логично да го објасни фактот дека смртта на Цвијан не била позната три години.
Тешко се доаѓа до оваа тема – во нашето пребирање наназад најдовме еден подолг текст во „Истиниомер“ од 16 март 2021 година. Таму пишува дека Владимир Цвијан ја напуштил СНС и основал своја партија во јануари 2014 година. Ја именувал како Републиканска партија. Чудно, денес нема ништо во архивите, па дури и во Регистарот на политичките партии во Министерството за државна управа.
Вистина е дека тој бил адвокат на одделни контроверзни личности како Иван Павловиќ Икер, кој бил осуден за шверц со кокаин, Сретен Јоциќ попознат како Јоца Амстердам, сопственикот на „Боровица транспорт“ Душан Боровица, сопственик на „Слап Груп“ Славиша Пуриќ, сопственик на „Југоагент“ Милан Марјановиќ.“ Инаку, во март 2021 година, претседателот на Адвокатската комора на Белград (АКБ) Југослав Тинтор изјавил дека Цвијан е избришан од регистарот на АКБ на 17 август 2018 година, по официјалното сознание дека починал. Тој рекол дека за смртта на Цвијан дознале откако добиле писмо од Даночната управа.
„Даночната управа побара од АКБ да се изјасни дали Цвијан е активен адвокат. Откако проверивме во матичното биро, дознавме дека колегата Цвијан починал на 5 јануари 2018 година“, рекол претседателот на АКБ.
Тинтор додаде дека Адвокатската комора на Белград донела одлука за бришење од регистарот и престанок на правото на адвокатура за Владимир Цвијан со датум на неговата смрт на 5 јануари 2018 година.
„Нашето досие го содржи оригиналниот посмртен лист, врз основа на кој ја донесовме одлуката“, велел тој.
Комората не издала некролог. Наводно, постоело големо временско растојание од сознанието и неговата вистинска смрт.
Дали е дојдено време за некои поинакви некролози во врска со оваа таинствена смрт?
Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.