• Latest
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025 14:34
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотографија: ВИ

Фотографија: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори, а со оглед на состојбата во која се наоѓа ДКСК со претседателка која даде оставка, под обвинение за одавање службена тајна, Антикорупциска се соочува со избор на нов претседател, чиј оглас ќе биде објавен утре и ќе трае 10 дена. Локалните избори ќе се распишат по изборот на претседател на ДКСК и на јавен обвинител.

Краен рок за расшишување на изборите е во првата половина на август, а како можен датум беше наведен 8 август. Со оглед дека се доцни со огласите за две значајни надлежни институции, останува отворено прашањето кога ќе се распишат изборите и под кои услови. Во меѓувреме од денеска, 4 август до 22 август се на одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши рече дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани на седница и за време на одморот.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски го најави 19 октомври како датум на локалните избори. Во тој случај Собранието треба да ги распише најдоцна до 10 август.

Сепак независно од моменталната состојба на Антикорупциска, нивна претставничка неодамна учествуваше на настан на Држваниот завод за статистика „Финансиска отчетност на изборите“, одржан на 15 јули 2025, и имаше своја презентација на наодите од Посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи за Избор на претседател и избор на пратеници во Собранието во 2024 година. 

Со оглед дека измени во Изборниот Законик се потешко дека ќе има, а во пресрет на локалните избори, презентацијата даден увид во клучните системски слабости во сегментот финансирање на изборна кампања.

Во посебниот извештај се наведуваат системски слабости кои кореспондираат со презентираниот ревизиски извештај на Државниот завод за статистика, но со наоди кои претходно беа предложени од ДКСК во работната група за изборни реформи.

ДКСК располага со две алатки кои ги користи за време на изборите, регистар на службени возила и пријава за нерегуларности за време на изборите.

Најголем дел од барањата упатени за мислење од ДКСК се однесуваат на вработувања (51,2%), а од нив најголем дел се за образовни институции (16.03%), останатите во министества, ЕЛС; здравствени установи. Навремени податоци за службени возила доставиле 402 институции, ненавремено 329 институции, а недоставиле податоци 826 институции од кои 10 министерства.

Најголем дел од финасиите доаѓаат од буџетот на државата за платено политичко рекламирање 76.82% за претседателските и 63.57% за парламентарните избори. Најголема корист од овие средства имале две најголеми политички партии за избор на претседател вкупно 93.28 %, а за парламентарните избори 91.12%.

Во изветајот на ДКСК треба да се има предвид дека нотираните забелешки за системските слабости се всушност оние кои ДКСК ги пласираше во групата за изборни кампањи и медиуми, како дел од Работната група за изборни реформи, во која свое учество имаше ЦИВИЛ.

Недорегулирани критериуми за буџетско финансирање: Во услови на финансирање на изборни кампањи со буџетски средства, член 76-д треба дополнително да се уреди со пропишување на мерливи критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за платено политичко рекламирање.

ДКСК предлага да се прецизираат одредбите од член 83 став 2, особено во делот на финансирањето на изборната кампања од редовната сметка на политичката партија и донациите. Ова се однесува на поставување на поединечни и вкупни лимити на средства финансирани или донирани од физички и правни лица, со цел да се спречи прекумерното влијание на приватни интереси, потреба да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат дека не се „поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените и електронските медиуми при финансирање или донирање на политичките партии, да се уредат условите под кои коалиција или политичка партија може да поддржи независен кандидат и да ги користи средствата за платено политичко рекламирање во корист на таков кандидат, доуредување на Изборниот законик за да се определи надлежен орган за следење и известување за медиумското претставување на интернет порталите за време на изборите, потреба од уредување на начинот на организирање, плаќање, следење и известување до надлежните органи за интернет претставувањето кое го вршат учесниците во изборната кампања преку социјалните мрежи, потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК.

Препораката на ЦИВИЛ е за Изборната кампања политичките партии во медиумите треба целосно да се врати во партиите кои треба да ја финансираат кампањата од сопствени средства. Во извештајот на ДКСК е се вели дека во услови на финансирање на изборни кампањи со буџетски средства, член 76-д треба дополнително да се уреди со пропишување на мерливи критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за платено политичко рекламирање.

 

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ