• Latest
Фотографија: Б. Ј./ЦИВИЛ

ДЗР: Системски слабости во начинот на управување со донации; 4 партии не го испочитувале рокот за однесување на финансиските извештаи

July 15, 2025
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДЗР: Системски слабости во начинот на управување со донации; 4 партии не го испочитувале рокот за однесување на финансиските извештаи

July 15, 2025 14:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Фотографија: Б. Ј./ЦИВИЛ

Фотографија: Б. Ј./ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Навременото и соодветно менување на Изборниот закон ќе придонесе за организирање на подобри избори, смета амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман, која се надева дека при измените на Изборниот законик ќе бидат земени предвид препораките од Венецијанската комисија и заклучоците од Државниот завод за ревизија.

– Швајцарија долги години го поддржува доброто владеење во Северна Македонија. Тоа е многу важно бидејќи организрањето на слободни, правични и демократски избори е од голема важност. Се надеваме дека препораките од Венецијанската комисија и заклучоците од Државниот завод за ревизија ќе бидат земени предвид при измените и дополнувањата на Изборниот законик така што соодветното и навременото менување на Изборниот законик ќе придонесе за организирање на подобри избори. Се надеваме дека тоа ќе се случи навреме, изјави Хулман која денеска присуствуваше на конференцијата за финансиска отчетност на изборите организирана од Државниот завод за ревизија, Мисијата на ОБСЕ и ИФЕС.

Според Државниот завод за ревизија, остануваат системските слабости во делот на уредувањето на начинот на уплата на донациите каде е оставена можноста донациите да бидат уплатени кај победникот на изборите, а не кај сите подеднакво.

– Нема поголеми прекршувања во претседателските и парламентарните избори. Клучната констатација на ДЗР е дека 77 проценти од платеното политичко рекламирање за претседателсите избори се финансира од Буџетот на државата преку ДИК, додека за парламнетарните избори е околу 67 проценти. Остануваат и понатаму состојбите кои треба да се надминат во делот на системските слабости како што е уредувањето на начинот на уплата на донации по објавување на конечните резултати. Нашето законодавство дозволува по објавување на конечните резултати, одредени правни и физички лица да плаќаат донации, а секако кога веќе ќе се знаат резултатите, останува можноста секој кој е заинтересиран, да уплати на победникот, а не на сите подеднакво, изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Ацевски е задоволен и од отчетноста на политичките партии бидејќи од повеќе од 60 партии, само четири не ги испочитувале законските рокови за поднесување на финансиските извештаи и извештаите за донации.

– Од повеќе од 60 партии, само четири се блокирани за средствата што ги добиваат од буџетот што е огромен успех. Само неколку партии останаа блокирани со одлука на министерот за правда затоа што не ги испочитуваа законските рокови, иако беа навреме известени од страна на ДЗР дека треба да ги почитуваат законските рокови, рече Ацевски.

Во земјава во октомври треба да се одржат редовни локални избори. пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ