• Latest

Препораки на ЦИВИЛ за изборни реформи

April 7, 2023
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Препораки на ЦИВИЛ за изборни реформи

April 7, 2023 15:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изборните процеси во нашата земја, имаат тенденција секогаш да бидат проследени со помпезни изборни кампањи и програми што не секогаш го отсликуваат граѓанскиот интерес, наспроти интересот на политичките партии. Таквото предизборие, кое по правило почнува со завршување на еден изборен циклус и трае до отпочнување на друг изборен циклус, носи и низа проблеми што наместо да се решаваат тие се провлекуваат или надоградуваат.

Во таа насока, една од препораките на ЦИВИЛ е итно обезбедување изборни реформи, кои пред сè треба да започнат со измени и дополнувања на Изборниот законик. Иако, ставот на ЦИВИЛ е дека ни треба целосно ревидирање на Изборниот законик, односно подготовка на нов, за тоа, барем до следните изборни процеси во 2024 година, нема време, ниту услови.

Во продолжение, препораки на ЦИВИЛ кои можат да помогнат во подобрување на Изборниот законик, а со таа и надминување на некои од редовните изборни нерегуларности.

Дискриминација, нетрпеливост, омраза

1) Обезбедување на законски и материјални услови за проширување на мониторингот од страна на ААВМУ, со цел да се опфатат сите видови говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза, вклучително и на порталите и на социјалните мрежи, пред, за време на изборната кампања, и по изборите.

2) Воведување на јасни правила од страна на ДИК, и подготовка на кампањи за јакнење на јавната свест кај учесниците во секој изборен процес за забраните и санкциите за говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза.

3) Министерството за правда да изготви анализа, со препораки и план за акција како да се надмине проблемот на пасивноста на надлежните институции (пред се, МВР, и Обвинителствата), и да се надмине проблемот со неказнивоста во случаи на говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес.

4) МВР да ги зајакне капацитетите за борба против ширењето на етнички, расистички и ксенофобични материјали преку компјутерските системи, како и етнички, верски и политички мотивираните закани и навреди, со посебен фокус на изборниот процес.

5) Со законот за јавни собири се забрани повикување, поттикнување или разгорување на омраза по сите основи, со казни за организаторите на јавниот собир кои нема да преземат мерки за заштита од говор на омраза.

6) Владата, во соработка со здруженијата на граѓани, политичките партии, верските организации, медиумите и МАНУ, да изготви долгорочна стратегија за борба против говорот на омраза (вклучително и говорот на омраза онлајн), со посебен фокус за време на изборниот процес.

7) Здруженија на граѓани да ги координираат своите активности за граѓански мониторинг на изборниот процес. Заедно со Народниот правобранител и комисијата за заштита од дискриминација да подготват кампања за кревање на свеста на граѓаните, со цел да се зголеми бројот на граѓански пријави и да се активираат постојните механизми за заштита од говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес. Медиумските здруженија да се вклучат поактивно кревање на свеста кај новинар(к)ите за штетните општествени последици од говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес.

Политичко финансирање

Со оглед на фактот што се губи ефективноста на ограничувањето на износите за донации од причини што е дозволено префрлање на средства од редовната сметка кон изборната сметка, да се усогласат износите на донации кои се дозволени за редовната сметка и сметката за изборна кампања и да се оневозможи донирање на едно физичко или правно лице и на двете сметки.

Да се земат во предвид сугестиите на релевантните институции и засегнатите страни при пропишувањето на обрасците за извештаите кои учесниците во изборната кампања треба да ги доставуваат кон надлежните органи. Министерството за финансии е обврзано да ги пропишува обрасците за извештаите, но од причини што министерството не е корисник на истите не ги прибира и анализира, се поставува прашање дали пропишаните обрасци ги задоволуваат потребите на институциите што ги користат тие извештаи.

Да се задолжат партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страници. Иако во законот се предвидува партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страница, не сите партии ја почитуваат оваа одредба, па така се загрозува транспарентноста.

Извештаите да обезбедуваат споредливост. Имено задолжително да се изготвува Биланс на состојба во кој ќе се споредуваат два периода. Досегашните извештаи не обезбедуваат информации за постојните обврски, и подмирени обврски од минат период.

Овие препораки се дел од мониторингот на ЦИВИЛ на изборните процеси од 2008 година наваму. Со нивно надминување или внесување во Изборниот законик, ќе се избегнат вообичаените изборни нерегуларности кои низ годините се провлекуваат во секој изборен процес. Дополнително ќе се придонесе кон слободни, демократски и фер изборни процеси.

ЦИВИЛ подготвува нов сет на препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

Долгорочни препораки на ЦИВИЛ за изборни реформи

– прочистување на Избирачкиот список,
– овластени лица за поднесување на приговори да бидат и релевантни домашни организации кои спроведуваат мониторинг на изборните процеси,
– една изборна единица
– воведување на отворени листи,
– продолжување на рокот за обуки и едукација, како и избор на членови на ОИК и ИО, во случаи кога се работи за редовни изборни циклуси,
– регулирање на периодот од распишување на изборите до официјалниот старт на изборната кампања кога учесниците во изборните процеси наоѓаат начини да го заобиколат законот и да започнат со предизборни кампањи кои во најголем дел се злоупотребуваат на сметка на противникот,
– едукација на гласачите.

Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Tags: изборипрепоракиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ