• Latest
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025 16:21
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Вчерашниот кошаркарски натпревар во Куманово повторно ја оголи грдата страна на македонското општество – нетрпеливоста и омразата кон Албанците. Група навивачи извикуваа „Гасна комора за Шиптари“, „Смрт за Шиптари“ и други заканувачки и расистички слогани. Иако ваквите сцени не се новост, институциите уште еднаш задоцнија со реакција, а премиерот се огласи со декларативна осуда дури откако виде дека снимките се шират по социјалните мрежи.

Овој настан е само дел од еден поширок, континуиран образец на етничка омраза што десетлетија наназад се провлекува низ спортските трибини, медиумските наративи и секојдневната политика.

Повеќе од инцидент: Историја на неказнивост

Вакви повици за насилство кон Албанците не се изолирани инциденти. Во последните 20 години, речиси сите поголеми спортски настани на кои се сретнале екипи или навивачки групи од различни етнички заедници биле сцена за слични пораки. На пример:

Во Скопје, Тетово и Битола редовно се скандира „Смрт за Шиптари“ и „Чиста Македонија“, „Гасна комора за Шиптарите“…

Во Куманово, уште пред десетина години, се појавуваа графити и транспаренти со истиот повик за „гасни комори“.

Ваков говор на омраза, кој не е испишан на транспаренти но се извикува не се случува само по спортски натпревари. Графити со слични или идентични пораки избиваат неретко и низ надворешни ѕидови на различни објекти низ градовите во земјата, но и на седиштата во автобусите на Јавниот градски превоз во Скопје.

И покрај тоа што овие пораки претставуваат директен говор на омраза и закана со насилство, институциите најчесто реагираат симболично или воопшто не поднесуваат обвиненија. Ниту еден од ваквите случаи не заврши со ефективни казни или одговорност, што создава чувство на дозволеност и легитимитет на ксенофобијата.

Кому му одговара омразата?

Прашањето „кому му користи ова“ е клучно за да се разбере зошто никогаш не доаѓа системски одговор. Етничките тензии се еден од најисплатливите ресурси за одвлекување внимание од сиромаштијата, корупцијата и институционалните неуспеси. Кога ќе се појават вакви скандали:

  • Партиите ја мобилизираат сопствената етничка база.
  • Медиумите прават рејтинг со сензационалистички извештаи.
  • Вистинските прашања остануваат во втор план.

Покрај политичките калкулации, ваквите изливи на омраза имаат и културолошки корени. Децении наназад, дел од македонскиот колективен идентитет се гради со идејата дека Албанците се „закана“ или „второстепени граѓани“. Воспитувањето на генерации со националистички митови, стереотипи и конспиративни приказни придонесува ваквите пораки да се прифатат како „нормални“.

Културолошкиот аспект на расизмот и геноцидните пораки

Слоганите за „гасни комори“ не се само навреда, туку рефлексија на длабока трауматизирана ксенофобија и незавршена работа на соочување со сопствената историја. Истите овие пораки се слушаа во 90-тите, во воениот контекст од 2001 година, а потоа и во секој повик за реваншизам или „прочистување“.

Во едно општество кое сè уште не успеа да изгради култура на одговорност, овие повици се само симптом на колективно воспитана омраза. Паралелно, дел од јавноста се обидува да ги релативизира или да ги оправда како „детска провокација“ или „навивачка култура“, што дополнително ја одржува атмосферата на неказнивост.

Доцна реакција и лицемерие (во овој случај)

Фактот дека премиерот реагираше само кога случајот веќе се рашири на социјалните мрежи зборува многу. Тоа е класичен пример на политички маркетинг наместо сериозна институционална грижа. Ако навистина постоеше политичка волја, досега ќе беа поведени истраги, поднесени обвиненија, а спортските федерации и клубовите ќе трпеа санкции.

Последици за меѓуетничките односи

Постојаното игнорирање на расистичките скандирања ја еродира довербата меѓу етничките заедници и ги легитимира најекстремните елементи. Ако не се наметне одговорност, ваквите настани може да ескалираат во реално насилство, како што се случуваше во минатото.

Во земја во којашто упорно се игнорира вкоренетата ксенофобија, а во случајов антиалбанството, но и се градат ( често задкулисно но исклучително провидно) политички наративи преточени во дневнополитички модели, граѓаните, токму од албанската етничка заедница, колку и да се трудат или покажуваат и докажуваат дека државата е заедничка, извесно е дека трпението што  почнува да наликува на преполна чаша со вода која почнува да се прелева, некаде и ќе пукне.

Вчерашните скандирања во Куманово не се изолиран случај, туку само уште еден аларм дека општеството се соочува со хронична ксенофобија кон Албанците, поттикната од политички профит, културолошки предрасуди и системска неказнивост, или во обратен редослед.  Без јасно и навремено осудување, санкционирање и долгорочна едукација, овие повици за „гасни комори“ ќе останат уште една срамна нормалност која ќе се заборави до следните геноцидни и расистички изблици од некои нови, млади „дечки“.


Текстот е личен став на Авторката
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ