• Latest

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

Користењето на скапиот и најсофистициран софтвер од израелско производство Пегасус против студентите од движењето на отпорот, најзначајната предизборна сила во оваа земја, како и против новинарите и уредниците што власта ги смета за опасни по нејзиниот режим е доказ дека најмоќната сила на источниот брег на Медитеранот не излегува од атарот на тукашните автократските креатури. А овој софтвер може да се користи надвор од земјата-произведувач само со знаење на политичкиот врв на Израел и се дава на државни органи на земјата-корисник

September 5, 2026 17:31
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

На овие страници веќе неколку пати е пишувано за тоа како израелските прсти се вмешувани во изборите на Балканот и тоа како советници кои   често имаат и пресудна ролја (!). Опишана е генезата на тие врски меѓу Тел Авив и десните, популистички системи кои мораат да останат на власт, иако се во основа непопуларни, но затоа не се алергични на користењето на државната каса само да ја надминат таа „дребна“ валканица од типот на кусок на реална поддршка кај гласачката маса.

Големата порта за израелските стручњаци беше отворена своевремено од унгарскиот десен автократ Виктор Орбан кој конечно замина во историјата откако целиот унгарски партиски ансамбл се обедини и направи мнозинство што не можеше да се изигра. И обратно – дробењето на електоратот во една Словенија, на пример, во исто време, му помогна на еднаш осудениот на затвор десен популист Јанез Јанша да се врати на чело на државата, иако со само еден глас во Парламентот што висеше како на клацкалка. Тука израелските експерти за малку ќе ја промашеа целта, но нивната репутација остана некако сочувана.

Следната задача на истата таа увезена гарнитура на изборни брокери ја доби (одново) работата во Белград, каде огромниот пад на угледот на „вождот“ Александар Вучиќ, по трагедијата во Нови Сад при падот на настрешницата на железничката станица и погибијата на 16 лица и протестите што уследија, требаше некако да се коригира со методи на кои малку кој би се сетил, секако.

СМРТ НА СТУДЕНТКАТА ШТО „ТРЕБА“ ДА СЕ ЗАБОРАВИ

Дали се сеќавате на студентката Мила Јанковиќ која загина во март годинава по пад од петтиот кат на Филозофскиот факултет во Белград? Беше тоа настан во предвечерието на локалните избори во Србија, кога студентските листи за прв пат се појавија во изборен процес кој требаше, како претпоставка, да биде демократски. Треба, ама она демократски просто не е можно во режим кој постои во Србија, а згора е загрозен од инвентивните млади генерации на локалните факултети кои излегуваат од било какви шеми за кои противникот треба да се бори со вообичаени методи и анализи.

Имено, беше јасно, и на внатрешните владини проценувачи, а секако и на не сосема невидливите помошници како стратези однадвор (од Израел).

Впрочем, користењето на безбедносниот апарат кој е секако преголем за една земја како Србија од страна на загрозениот Вучиќ не е доволен – истиот не може да се носи со имагинацијата на новиот, млад и „луд“ студентски свет кој секогаш умее да изненади. Службениците на министерот Дачиќ и оние од паралелните системи на контрола во оваа земја затоа треба да ги следат насоките што ги даваат надворешните стручњаци кои за „дебели пари“ ќе ги стокмат било какви изборни резултати.

И да се вратиме сега на настанот од март годинава кога падот на студентката на Филозофскиот во Белград сѐ уште не е разјаснет, иако предизвика смрт на млада девојка! Оттогаш поминаа пет месеци, па случајот не се споменува. Се оди на заборав, а тоа очевидно функционира. Кој може да игра на таа карта? Па, власта секако. А хипотетички прима и сугестии во таа насока и од страна.

Што се случи тогаш, да се потсетиме. Девојката паднала од прозорец кој тешко се отвора, а камоли низ него да може да се провлече тело на девојка – самоубиец или намерно турната во смрт? И додека немаше форензички одговор на тој клучен настан, полицијата го окупираше тој објект, ги изнесе сите документи одвнатре, го заврти јавното мислење без никако доказ против студентското движење кое и таму си имаше свој штаб. И не само тоа – зградата на Филозофски е споена со зградата на Ректоратот, па тоа на системот на репресија му даде „основ“ истото тоа да го направи во пресметка со Белградскиот универзитет и со ректорот Владан Ѓокиќ. Последниов е сметан за директен конкурент на следните претседателски избори на оној кој за таа функција ќе биде предлог на власта.

ДИРЕКТНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Тој настан се виде како клучен за фактот дека делумните локални избори што се одржаа на 29 март годинава на 10 изборни места при студентските листи беа присутни. Без да навлегуваме во детали, неразјаснетиот случај со смртта на студентката имаше повеќестрано влијание и на резултатите на изборите, но и за пресметка со раководството на „бунтовната Србија“, ама и за напад врз БУ во целина. Да се направи таков план со „само една жртва“ која веќе е планирано заборавена за остварување на толку многу цели одеднаш, не може да обмисли ниту еден балкански полицаец, каде и да се наоѓа!

И сега власта во Србија плус кримосите од Пионерскиот парк се пред ново искушение. Дури и со многу поголеми можни тектонски последици по политичките состојби кај северниот сосед. Затоа израелските експерти се тука некаде. Или поточно – не ни смениле адреса на живеење. Што сега тие готват? Па светските медиуми, па и оние најрелевантните веќе одговорија на таа дилема – прислушкување со најмодерна опрема од која една од двете има израелска производна адреса! Цел – студентското водство, онаму каде се креираат идните чекори на ова моќно, иако непартиско јадро на отпорот и битен чинител на следните избори. Оние избори кои треба да се одржат на крајот на октомври, за што се говори, а сепак – не се официјално закажани. Значи, има дилеми. Дали тие извираат од анкетите или од прислушуваните разговори на српските студенти?

НОВ ПРЕКАР ЗА СРБИЈА – ДИГИТАЛЕН  ЗАТВОР

Значи се враќаме на шпионирањето на студентите. Светските медиуми вреват за оваа практика во недемократска Србија, која сега како таква и се дефинира, без заобиколување.

„Фајненшл тајмс“ и Ројтерс пишуваат дека „мирното продемократско движење во Србија е цел на агресивен комерцијален шпионски софтвер“ пред клучните избори во 2026 година. Овие медиуми опширно известуваа за наводите дека студенти, опозициски активисти и други лица во Србија биле цел на напредни шпионски програми – израелскиот Пегасус (Pegasus) и домашниот NoviSpy.

Според FT, од почетокот на годината, повеќе од десет студенти и опозициски активисти биле цел на шпионски софтвер, што претставува најобемниот бран на ваков надзор во Србија документиран досега.

Во барем еден случај, канадските експерти за дигитална безбедност потврдија дека телефонот на студентски активист бил далечински заразен со Pegasus, софтвер од израелската компанија NSO. Во друг случај, според FT и Ројтерс, домашниот софтвер NoviSpy бил инсталиран на телефонот за време на престојот на лицето во полициски притвор, објавува Бета. Приведениот оди во ќелија без телефон, а потоа му го враќаат би рекле – малку потежок од обично.

Тоа не е сѐ. Фондацијата SHARE документирала 14 случаи на шпионажа оваа година. Во 12 случаи, луѓето ја контактирале откако добиле предупредување од Apple во август дека нивните iPhone телефони се потенцијално компромитирани.

Одиме и натаму. Организацијата Citizen Lab од Универзитетот во Торонто анализирала еден од тие случаи и утврдила дека телефонот е заразен со Pegasus благодарение на безбедносен пропуст во iPhone. Лицето што било цел на нападот не морала да ја отвори врската или да преземе никаква акција. Останатите 11 случаи сè уште се анализираат, според FT.

IP адресата на BIA серверот е хардкодирана во „com.accessibilityservice“
(99673ce7f10e938ed73ed4a99930fbd6499983caa7a2c1b9e3f0e0bb0a5df602)

МИРНИ ДЕМОКРАТИ КАКО ЦЕЛ НА НАПАДОТ

Џон Скот-Рејлтон од Citizen Lab оценил за FT и Ројтерс дека новите предупредувања на Apple покажуваат дека, како што изјавил, „мирното продемократско движење во Србија агресивно е цел на комерцијален шпионски софтвер“ пред клучните избори во 2026 година.

Еден од студентите кои го добија предупредувањето од Apple е Огњен Рашиќ, 21-годишен студент по комуникациски студии од Универзитетот во Ниш. Свежо откриен случај. Тој го добил известувањето на 13 август. Тој за FT изјавил дека имал „чудно чувство“ дека некој користел софтвер вреден повеќе милиони долари за пристап до податоци од неговиот телефон. Инаку Рашиќ е член на студентското движење, се сомнева дека српската влада стои зад нападот и дека станал цел поради неговата вмешаност во набљудувањето на изборите и кампањата за локалните избори веќе одржани во март, што ги споменавме.

Покрај Pegasus, SHARE документираше уште два случаи во кои NoviSpy, домашен (српски) шпионски софтвер, бил користен за Android уреди.

Јавноста дозна за NoviSpy по извештајот на Amnesty International од 2024 година, во кој Србија беше опишана како „дигитален затвор“. За разлика од Pegasus, NoviSpy мора физички да биде инсталиран на уредот, по што може континуирано да собира податоци и да овозможува далечинско активирање на микрофонот и камерата.

НЕМА НИШТО БЕЗ ВУЧИЧЕВИЌ ОД ИНФОРМЕР

Едно од лицата чиј телефон бил компромитиран изјави за FT дека почнала да забележува необично однесување од уредот откако наводно била нелегално приведена од полицијата неколку часа пред мартовските избори (аха, ете ги повторно). Поради брзото празнење на батеријата и променетиот изглед на нејзиниот индикатор, таа се обратила до SHARE, чија анализа го потврдила присуството на NoviSpy. Иметѕо на оваа организација треба да се запомни, за секој случај и кај нас.

Во друг случај, едно лице се сомневало дека е под надзор откако главниот уредник на Informer, Драган Ј. Вучичевиќ, зборувал за приватни пораки од нејзиниот телефон за време на телевизиска програма.

FT наведува дека имал пристап до видеото во кое Вучичевиќ вели дека затворените групи на Вацап и Вибер се следат, со порака дека нема да биде објаснето како е постигнат овој пристап.

Што прави софтверот Pegasus што се користи за шпионирање на студенти?

Pegasus е веројатно најмоќниот шпионски софтвер што некогаш е развиен. Откако ќе се протне во вашиот телефон без да забележите, може да го претвори во уред за 24-часовен надзор. Може да ги копира пораките што ги испраќате или примате, да ги собира вашите фотографии и да ги снима вашите повици. Може тајно да ве снима со камерата на вашиот телефон или да го активира микрофонот за да ги снима вашите разговори. Потенцијално може да утврди каде сте, каде сте биле и кого сте сретнале.

Вака функционира Пегаз, софтвер за хакирање или шпионски софтвер развиен, пласиран на пазарот и лиценциран на владите ширум светот од страна на израелската компанија НСО Груп. Студентите во блокадата велат дека биле цел на напад токму со овој софтвер. Инаку, во август 2023 година, непосредно пред почетокот на изборната кампања, Пегаз беше инсталиран на телефонот на Игор Божиќ, во тоа време директор на програмата на Н1 Србија. Тој дознал дека е цел на ваков вид надзор дури една година подоцна.

Снимки од екранот направени од шпионскиот софтвер NoviSpy додека активистот користел Signal и Instagram; обновени и дешифрирани од заразениот телефон (извор: извештај на Amnesty International)

БОЖИЌ: ЗА МЕНЕ ЗНААТ АМА БАШ СЀ

„Тешко е да се опише чувството кога сфаќате дека некој може да го следи практично секој ваш чекор. Пегаз овозможува пристап до е-пошта, пораки, фотографии, документи и контакти. Може да открие со кого разговарате и кои се вашите извори, што не само што го загрозува новинарот и неговата приватност, туку и безбедноста на луѓето кои му довериле чувствителни информации. Софтверот може беспрекорно да го вклучи микрофонот и да ги слуша разговорите во просторијата или да ја активира камерата и да следи што правите“, објаснува Божиќ за Nova.rs.

Инаку и новинарите на БИРН беа изложени на истиот софтвер, компанијата што го произведува изјави дека нивните производи се користат исклучиво од „државните разузнавачки и полициски агенции во борбата против криминалот и тероризмот“. Во писмо до Амнести Интернешнл, НСО Групацијата изјави дека сите нивни системи се „продаваат исклучиво на потврдени владини корисници“.

ШТО ЗНАЧИ ТОА „НУЛТИ КЛИК“

Инфекцијата со Pegasus е можна и преку таканаречени напади со „нулти клик“, кои не бараат никаква интеракција од сопственикот на телефонот. Овие напади често ги искористуваат ранливостите „нулти ден“, кои се недостатоци или грешки во оперативниот систем за кои производителот на мобилни телефони сè уште не е свесен и затоа не можел да ги поправи, пишува Гардијан.

Медиумот објаснува дека во 2019 година, WhatsApp откри дека софтверот на NSO бил користен за испраќање малициозен софтвер до повеќе од 1.400 телефони со искористување на ранливоста „нулти ден“. Со едноставно остварување на WhatsApp повик до целниот уред, малициозниот Pegasus код бил инсталиран на телефонот, дури иако целта никогаш не одговорила на повикот.

Неодамна, NSO почна да ги искористува ранливостите во софтверот iMessage на Apple, давајќи му пристап до стотици милиони iPhone-и. Apple тврди дека тие постојано го ажурираат својот софтвер за да спречат вакви напади.

Техничкото разбирање на Пегаз и како да ги пронајдете трагите што ги остава на телефонот по успешна инфекција е подобрено со истражување спроведено од Клаудио Гварниери, кој раководи со Берлинската безбедносна лабораторија на Амнести Интернешнл

„Работите стануваат многу покомплицирани за целите да ги забележат“, изјави Гварниери за Гардијан.

Овој програмиран софтвер е прилично упорен за да влезе во телекомуникациите на посакуваната цел  од страна на закупувачот. И онаму каде што ниту фишинг нападите ниту нападите со нулто кликнување не успеваат, Пегасус може да се инсталира преку безжичен примопредавател лоциран во близина на целта или, според брошурата на NSO, едноставно рачно ако агентот може да го украде телефонот на целта. Затоа, не се препорачува да се даде телефонот на полицијата доколку е воопшто можно за време на апсења за време на протестите.

Адвокатите на NSO тврдеа дека техничкиот извештај на Амнести Интернешнл е претпоставен, опишувајќи го како „компилација од шпекулативни и неосновани претпоставки“. Сепак, тие не оспорија ниту еден од неговите специфични наоди или заклучоци.

Еден од најзначајните предизвици што Пегасус им ги претставува на новинарите и бранителите на човекови права е фактот дека софтверот ги експлоатира неоткриените ранливости во самиот телефон, што значи дека дури и информираните корисници не можат да го спречат нападот.

Споменатиот Игор Божиќ пишува дека за еден новинар, помислата дека државата можеби имала пристап до сè што требало да остане заштитено е особено погубна – комуникацијата со колегите, соговорниците и изворите, како и разговорите што немаат никаква врска со работата.

„По таквото знаење, почнувате да го доведувате во прашање секој разговор и да размислувате дали, без ваше знаење, сте го загрозиле некого што ви верувал“, вели тој.

Експерти од Амнести Интернешнл извршија форензичка анализа на неговиот телефон. Тие открија дека Пегасус бил активен на уредот 13 дена, сè додека не го ажурирал оперативниот систем, со што се затворила ранливоста преку која бил заразен телефонот.

Според самата компанија НСО Груп, Пегасус не се продава на приватни лица и компании, туку исклучиво на државни институции. Затоа, тешко е да се замисли дека некој друг освен некоја државна структура би можел да стои зад нападот врз Божиќ. Проценките велат дека индивидуалната инсталација на таков софтвер може да чини помеѓу 50.000 и 100.000 евра. Некој, затоа, сметал дека вреди да се потрошат толку многу пари за да се следи новинар и директор на независен медиум пред изборната кампања, заклучува Божиќ.

Ова секако објаснува зошто меѓу Србија и Израел мора да постојат специјални врски или да не речам – трајни интереси, кои во една формална смисла се базираат на т.н. борба со исламскиот екстремизам каде, заради проблемот со Косово, Белград може да помине. А ние, гледам, брзаме да ги задржиме специјалните односи со Тел Авив.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ