• Latest
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026 11:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, ТОП 5, ФОРУМ
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција (скриншот / France 24)

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето на денот: Што мислите за протестите на младите низ Европа?“, што ЦИВИЛ го постави на Фејсбук, предизвика различни реакции кај граѓаните. Додека едни ги гледаат протестите како оправдан одговор на социјалната несигурност, растечките трошоци за живот и ограничувањето на граѓанските права, други предупредуваат дека насилството, грабежите и уништувањето им штетат на легитимните барања на демонстрантите.

„Протестите се оправдани“, пишува еден од коментаторите, кој живее во Франција и смета дека младите излегуваат на улица за да ги одбранат своите права и да побараат подобра иднина.

Во својот коментар, тој ги наведува растечките трошоци за живот, осиромашувањето, несигурноста на работните места и загрозувањето на граѓанските услуги како причини за незадоволството. Предупредува и дека дигитализацијата, кога не е придружена со доволни гаранции за приватноста, може да отвори прашања за контролата врз личните податоци и граѓанските права.

„Под закрила на безбедност и дигитализација на нашите податоци се воведува ултимативна контрола над нашите граѓански права“, наведува тој.

Тој смета дека дел од насилните инциденти може да бидат поврзани со провокации и несоодветни полициски реакции, но и дека дел од јавната дебата е обременет со десничарска пропаганда и расистички толкувања.

„За жал, пропагандистичкото, десничарско хушкачко новинарство и социјалните медиуми го создаваат овој погрешен впечаток“, се вели во одговорот на прашањето на денот.

Меѓу реакциите има и кратки пораки на поддршка за протестното движење.

„Народот во Европа се буди!“, гласи еден од коментарите.

Друг учесник во дискусијата ја споредува улогата на студентите во современите протести со студентските и граѓанските движења од 1968 година, нагласувајќи дека младите традиционално се меѓу групите што ги артикулираат барањата за општествени промени.

Еден од граѓаните што учествуваа во дискусијата тврди дека насилните инциденти биле мал дел во однос на големиот број мирни учесници.

„Палењето и кршењето на дуќани е многу палку затапено од 500 илјади што мирно протеститаа. Протестите се длабоко вкоренети во француската култура.“

Дел од коментарите се насочени кон можни политички злоупотреби и надворешни влијанија. Некои коментатори ги поврзуваат нередите со мигранти, криминални групи или обиди за одвлекување на вниманието од други политички процеси. Други, пак, изнесуваат сомнежи за руски обиди за дестабилизација на Европската Унија.

„Руска провокација за дестабилизација на ЕУ“, вели еден од граѓаните.

Истовремено, дел од коментаторите го нагласуваат правото на граѓаните да бараат одговорност од избраните политички елити. Еден од нив оценува дека и Северна Македонија има многу причини за граѓанско незадоволство, наведувајќи ја корупцијата, социјалната несигурност и недостигот од перспектива.

„Државата е во тотален распад и без перспектива и затоа народот треба да ја земе работата во свои раце и да ја растера оваа корумпирана политичка мафија од сите партии“.

Реакциите на ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ покажуваат дека протестите за едни се израз на оправдано незадоволство од економските и политичките услови и начин младите да бараат подобра иднина. За други, насилството и уништувањето на имотот се граница што не смее да се премине, без оглед на причините за протестот.

Б. Јордановска


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ